1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Лицата на Германија

Комуналниот работник Михаел Шпекин од Хамбург

Станувањето рано наутро е стресно? Комуналниот работник од Хамбург Михаел Шпекин е уверен во спротивното. Животен квалитет за него е кога наутро има време за едно кафе, цигара и разговори.

default

„Се‘ едно е дали спијам еден час, пет или десет“, тврди Михаел Шпекин. Тој секое утро станува веќе во 5:30 часот за да се поздрави со неговиот син. „Застанувам на прозорецот и му мавтам, иако веќе има 21 година“, додава таткото на две деца, смешкајќи се. На комуналниот работник Михаел многу му значат раните утрински часови и во никој случај не смее да биде нервозно. Пуши цигара, пие кафе и околу седум пристигнува на работа. Комуналниот работник е убеден дека денот треба да се почне без брзање.

Работниот ден на депонијата за рециклирање започнува дури во 7:45 часот. Сепак, сите вработени доаѓаат еден час порано. Седат заедно, пијат кафе, пушат цигари и ги разменуваат последните новости и доживувања од претходната вечер. Ова утринско дружење е вообичаен ритуал кај комуналните работници низ цела Германија, објаснува 47-годишниот Михаел Шпекин. Кој не е подготвен за утринските средби, никогаш нема да биде дел од колективот.

„Неразделно машко друштво“

Михаел Шпекин работи во претпријатието за градска хигиена од 1987 година. До пред триипол години тој се возел како ѓубреџија на камионот за собирање отпад. Поради болки во грбот правел две операции и преминал

Gesichter Deutschlands MiSpP2

Сите вработени на депонијата доаѓаат еден час порано

во депонијата за рециклирање. Таму веќе не мора да крева големи тежини. Неговата нова главна задача е да го „координира“ отпадот што го носат луѓето. Во депонијата има дузина различни контејнери за отпад. Се‘ се уништува посебно - од лисје, техника и мебел, се‘ до капачиња за шишиња.

На депонијата за рециклирање работат само мажи. „Ние сме неразделно друштво. Заедно сме по 9 часа и знаеме многу едни за други. Многу сум среќен што сме само мажи. Има многу работи за кои можеме да зборуваме само меѓу нас.“

Литри кафе

Колегите најчесто без зборови ги распоредуваат обврските, гледаат што прават дугите и каде треба да се реагира. „Со муштериите секогаш љубезен“, е личната максима на Михаел Шпекин. Можеби затоа некои не доаѓаат само поради отпадот. „Многумина доаѓаат 3-4 пати неделно со малку отпад и се гледа дека доаѓаат за да

Gesichter Deutschlands MiSpF1 Fragebogen

Негова нова главна задача е да го „координира“ отпадот што го носат луѓето

поразговараат. Најчесто тоа се пензионери“, раскажува Михаел.

Луѓето некогаш раскажуваат приказни за нивниот отпад - од каде им е, за што го користеле, зошто го фрлаат. Комуналниот работник се смешка и вели дека работниците на депонијата се „полупсихолози“. Често ги посетуваат и бивши колеги кои се во пензија, а некогаш и оние кои имаат слободен ден. Кој е „дел од друштвото“ добива кафе. Комуналните работници пијат големи количества кафе. Михаел Шпекин пие до 20 чаши на ден и пуши околу 40 цигари. 47-годишникот понекогаш е загрижен за неговото здравје. Сака да престане со пушењето, посебно откако вујко му починал од рак на белите дробови.

Сигурна работа

Михаел Шпекин работи од неговата 15-та година без прекин. Веднаш по основното училиште започнал во пристаништето. Всушност сакал да стане автомеханичар или столар, но прво не добил место за школување, а потоа заработувал доволно пари и без него и се откажал од школувањето. Тој е многу задоволен со својата сегашна професија: „Ова е во принцип многу сигурна работа. Градот тешко отпушта, оти никогаш не може да банкротира, а отпад има секогаш.“ Не му пречи нискиот социјален престиж на неговата работа. До него не допира кога некој ќе каже: „Боже! Само ѓубреџија!“, објаснува Шпекин и потврдува дека е горд на својата работа.

Од вечер до последната страница

По работата Михаел Шпекин во секој случај оди прво дома. 47-годишникот не може да си го замисли животот без семејството, и никогаш досега не живеел сам: „Не ми се допаѓа кога сопругата не спие дома. Тогаш и јас не

Gesichter Deutschlands MiSpP3

Михаел Шпекин во неговиот хоби-подрум

можам да спијам.“ Два до три пати во неделата Михаел оди во фитнес-студио. Инаку, поминува многу време во неговиот хоби-подрум преполн со техника.

Таму сурфа на интернет и бара одговори на прашањата на кои се сетил во текот на денот. Се занимава со нови програми, а понекогаш ги поправа апаратите на роднините и познаниците. Навечер, Михаел Шпекин се задлабочува во романи за научна-фантастика и за Дивиот Запад. Негови омилени автори се Вилијам Шатнер и Ден Браун. Брауновиот трилер „Илуминати“ со 700 страници го прочитал за две вечери. „Кога почнувам да читам книга и ако ме заинтересира, морам во секој случај да ја прочитам до крај“, се смешка 47-годишниот комунален работник. Така се случува да чита до три или четири часот наутро. Останатите неколку часа за спиење му се доволни за да издржи наредниот ден.

Автор: Олга Сошнитска / Јасна Мушиќ - Јанчулева

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

WWW-линкови