1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Компромис за ЕАДС и ЕРБАС

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози постигнаа рамножа за концерните ЕАДС и ЕРБАС.

default

Меркел и Саркози

Германската канцеларка Ангела Меркел во Тулуз оцени дека договорот кој е постигнат за дирекцијата на ЕАДС ќе доведи до „ефикасна и урамнотежена организациона поставеност на претпријатието.

„Од германска страна ние сме многу задоволни“ подвлече Меркел. Според неа, се успеа да се постигне рамнотежа и да се воведе едноглава структура, како што посакуваше Дајмлер главниот германски акционер во ЕАДС.

„Заедно, ние потпишавме за нова органзација, со одговорни на секое ниво, како во секое претпријатие“ изјави претседателот Саркози во Тулуз.

Голем ден за француско - герамнската оска

Тој притоа го најави именувањето на французинот Луи Галуа за прв човек на европскиот авио концерн ЕАДС и на германецот Том Ендерс за претседател на филијалата ЕРБАС. „Тоа е голем ден за француско-германската оска“, додаде Саркози.

Двајцата подвлекоа дека е постигнат договор за да претпријатието се стекне со една нормална дирекција. „Мислам дека постигнавме добро решение за ЕАДС и ЕРБАС“, заклучи канцеларката.

Доцнењето со испораката на А-380 само ги стави во прв план недоразбирањето во двоглавото раководење со концернот, при што дојдоа до израз конфликтите на француските и германските акционери.

Тулуз тест за односите Берлин - Париз

Самитот од Тулуз е вистински тест за односите меѓу Париз и Берлин, оценуваат политичките коментатори во Франција. Прашањето за судбината на европскиот авио концерн ЕАДС е видливата страна на разликите во пристапот на двете земји, која се претвори во дипломатска битка. Се разбира никој нема интерес да дојде до влошување на односите, но не се крие дека постојат многу разлики меѓу Меркел и Саркози.

Меѓу Меркел и Саркози постојат разлики

Берлин е иритиран од француските планови во областа на буџетската политика, поточно намерите да ја постигне буџетската рамнотежа во 2012, наместо во 2010. Исто како и предлозите на претседателот Саркози да влијае врз одлуките на Европската централна банка.

Во областа на надворешната политика исто така постојат недоразбирања. На средбата на министрите за надворешни работи на Европската Унија и земјите од Средоземното море одржан на 6 јули во Порторож, Германија беше изненадена од Бернар Кушнер, кој претстави едно писмо во името на сите медитерански држави со препораки за мисијата на поранешниот британски премиер Тони Блер. Писмо за кое Германија не беше консултирана.

Сепак, меѓу Париз и Берлин постои согласност дека е потребно да се реорганизираат француско-германските министерски совети за да им се даде поконкретна задача.