1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Компромисот за законот за доселување

Волшебната формула гласи:“флексибилна контрола во согласност со потребите на пазарот за работа“

Шредер и Шили на прес-конференција

Шредер и Шили на прес-конференција

Според тоа и во иднина не се подига рампата за генерален стоп за странска работна сила. Меѓутоа, посебно квалификуваните во иднина полесно ќе доаѓаат во Германија и ќе смеат да работат. Со тоа им се одговара на желбите на стопанството со истовремено е земање во предвид и на загриженоста на преку четирите милиони невработени во Германија од неконтролиран влез на странска работна сила. Тоа конкретно значи и помалку бирократија: работни и дозволи за престој во иднина ќе бидат истовремено доделувани. На висококвалификуваните, како инеженери или информатичари од стартот ќе им се овозможува долгорочно останување, спроед тоа временски ограничениот престој како кај досегашните зелени карти отпаѓа. Странците што со успех завршуваат студии во Германија ќе можат полесно да започнуваат и кариера. Доселувањето на самостојните ќе биде овозможено само ако во Германија обезбедат и работни места.

За да се помогне интеграцијата, доселениците ќе можат бесплатно да посетуваат курсеви за да можат подобро да ги запознаат јазикот, правниот поредок и културата на Германија. Оној што нема да посетува вакви курсеви може да смета на санкции. Хуманитарното право на егзил во иднина ќе ги штити повеќе оние што се жртви на недржавно следење или на полова специфика. За ограниченото отворање на Германија се предвидени и голем број рестрикции. Ако некој доселеник сака да остане подолго, ќе мора да одговори на повеќе прашања од одговорните служби за безбедност и заштита на уставот. Освен тоа, ќе биде олеснето протерувањето на странци осомничени за тероризам и екстремисти. Ова е насочено посебно кон странци кои јавно шират омраза и насилство, како и за членови на шверцерски банди. Ако пак, на погодените од овие мерки во нивните земји им се закануваат измачувања или смртна казна, нивната слобода на движење во Германија строго ќе им биде ограничена, но затоа нема да се воведува “безбедносен затвор“.