1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Комплициран исход на изборите во Србија

Во вториот круг од претседателските избори во Србија ќе се натпреваруваат кандидатите Борис Тадиќ и Томислав Николиќ. По вчерашното гласање како клучен играч на политичката сцена се наметна Ивица Дачиќ.

default

Претседателот на Србија , Борис Тадиќ со мала предност влегува во вториот круг

Борис Тадиќ според проценките на независната набљудувачка група Цесид освоил 26,7 насто од гласовите додека Томислав Николиќ 25,5 проценти. „Претседателските избори во Србија се на некој начин изненадување, бидејќи Тадиќ доби предност во првиот круг во однос на претходните дуели со Николиќ“, вели за ДВ политичкиот аналитичар Дејан Вук Станковиќ.

На третото место се пласираше кандидатот на коалицијата на Српската Социјалистичка Партија Ивица Дачиќ со освоени 15,3 насто од гласовите, соопшти Цесид. „И всушност во политичка смисла Дачиќ е победник на овие избори, бидејќи сега многу нешта суштински зависат од него и од неговата партија и без него ќе биде невозможно да се формира нова влада“, вели Станковиќ кој смета дека партијата на Дачиќ СПС остварула извонреден резултат на парламентарните избори освојувајќи 16,6 проценти од гласовите. Во парламентарната трка, коалицијата околу партијата на Николиќ - Српската напредна партија според резултатите на Цесид е победник со освоени 4,7 насто од гласовите, додека коалицијата околу Демократската партија (ДС) на Тадиќ 23,2 насто.

Serbien Wahlen Tomislav Nikolic

Томислав Николиќ влегува во вториот круг со мало заостанување

Загуби и добивки

Кога станува збор за парламентарните избори СНС поради добриот резултат на СПС, но и на Демократската партија на Србија (ДСС) на Воислав Коштуница, која влегува во парламентот со освоени 7,2 насто од гласовите, останала без избирачи на кои можела да смета. Истотака ДС изгубила од своето гласачко тело, со оглед дека на претходните избори имала околу 40 насто поддршка, забележува Станковиќ

„Со оглед на фактот дека СПС и ДС се доверливи партнери во претходната влада оваа загуба на гласови не мора да ја чини ДС и губење на власта и губење на претседателската функција на Тадиќ, доколку СПС одлучи повторно да прави влада со ДС односно да го поддржи Тадиќ во вториот изборен круг“, вели Станковиќ.

Поддршка и преговори

Станковиќ смета дека веќе денеска ќе започнат преговори за поддршката во вториот круг на претседателските избори и оти тие ќе одат во пакет со преговорите за формирање на владата.

„Значи во овој момент имаме еден сложен преговарачки процес кој е на дневен ред кога станува збор за политичките состојби во Србија, бидејќи исходот на изборите е сложен. Нема апсолутен победник и ќе биде многу занимливо како партиите ќе се усогласат не само околу дистрибуција на мандатите и местата во владата, туку ќе биде занимливо и како тие ќе ја усогласат политиката на идниот владин кабинет“, вели Станковиќ.

ДС повторно ќе формира влада?

Драган Поповиќ директор на Центарот за практична политика смета дека резултатот на овие избори покажува дека владата повторно ќе ја формира Демократската партија.

Ivica Dacic

Најголемо изненадување- Ивица Дачиќ

„Значи, со својот коалициски партнер СПС и сега останува да видиме дали и со движењето „Преокрет“ на Чедомир Јовановиќ (кое освои 6,6 насто гласови) или, пак, со „Обединетите региони на Србија“ на Млаѓан Динкиќ (кои освоија 6,1 процент) или, пак, со некој друг. Но, очигледно е дека Србија ќе продолжи да се движи помалку или повеќе по ист пат по кој досега се движеше“, оценува Поповиќ.

Клучен втор круг

„Не сум сигурен дека лесно ќе се формира новата влада и тоа многу ќе зависи од фактот кој ќе победи на претседателските избори “, оценува Поповиќ. На Борис Тадиќ сега му е потребна и поддршка во вториот круг и тој сега веројатно ќе се обиде што побргу да добие поддршка од Дачиќ и СПС“, смета Поповиќ.

„Верувам дека ДС едноставно сите свои сили ќе ги насочи на тоа Борис Тадиќ да ги добие претседателските избори, бидејќи да потсетам сите овие резултати би паднале во вода, ако Тадиќ ги загуби претседателските избори за две недели“.