1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Комеморација за загинатите германски полицајци во Авганистан

*

Денеска во катедралата во Берлин ќе биде одржана комеморација за тројцата германски полицајци што беа убиени во напад во близина на Кабул на почетокот од неделава . На комеморацијата ќе учествува и канцеларката Ангела Меркел и министерот за внатрешни работи Волфганг Шојбле. Телата на тројцата полицајци треба на пладне , да пристигнат во Германија со авион од Авганистан .