1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Комеморација за жртвите на Парадата на љубовта

Една недела по катастрофата што се случи на Парадата на љубовта, денеска во Дуизбург се одржува комеморација за жртвите. Присустни се и сојузниот претседател Кристијан Вулф и канцеларката Ангела Меркел.

default

Градоначалникот на Дуизбург Адолф Зауерланд и шефот на Парадата Рајнер Шалер најавија дека нема да присуствуваат на комеморацијата поради обѕири кон семејствата на жртвите.

In der Salvatorkirche in Duisburg montieren Arbeiter am Freitag (30.07.2010) Aufhängungen für Scheinwerfer und Lautsprecher

Црквата кадешто се одржува централната комеморација е блокирана

На комеморацијата за жртвите во Дуизбург се очекуваат илјадници луѓе. Црквата кадешто се одржува централната комеморација е блокирана. Затворен е и тунелот што води до просторот кадешто се одржуваше Парадата на љубовта и каде дојде до масовна паника, во која животот го загубија 21 лице, а стотици се повредени. Комеморацијата од црквата, во која денеска има голем број претставници на политиката и јавниот живот во земјата, е пренесувана и на стадионот на фудбалскиот клуб Дуизбург. Таму има место за 25.000 луѓе. Оттаму, напладне, треба да тргне поворка кон тунелот на смртта.

Градоначалникот на Дуизбург го нема во јавноста

Организаторите на комеморацијата нагласуваат дека таа ќе биде мирна и религиозна. Веќе со денови голем број луѓе

Adolf Sauerland

Градоначалникот Адолф Зауерланд не присуствува на комеморацијата од обѕир кон жртвите

се гневни поради начинот на кој раководството на градот Дуизбург се однесува кон очигледните грешки и пропусти направени во текот на планирањето и обезбедувањето на Парадата. Градоначалникот на Дузибург Адолф Зауерланд досега отфрла да даде оставка, но исчезна од јавноста и се огласува само преку интервјуата за медиумите. Нему му се префрлува дека ги игнорирал предупредувањата на полицијата и противпожарната служба дека просторот за одржување на Парадата не е соодветен, но тој тоа го негира. За време на неговиот последен настап во јавноста беше проследен со гласни „бу“-извици, а во меѓувреме се наоѓа под полициска заштита.

За катастрофата на Парадата на љубовта ќе се расправа и во парламентот на покраината Северна Рајна Вестфалија. Во среда (04.07.10) седница треба да одржи комисијата на покраинскиот парламент за внатрешни работи. Обвинителството во врска со случајот води истрага против непознато лице. Полицијата во Келн за истрагата ангажираше 63 свои службеници.

Автор: ЕМФ/ГЧ/дпа

Редактор: Горан Чутаноски

DW.COM