1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Комеморација во Бундестагот за жртвите од Холокаустот

Веќе десет години во Германија на 27 јануари,годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц,се одбележува Денот на сеќавање на жртвите од Холокаустот,а од пред една година,ова е и светски ден на жртвите од националсоцијализмот.

default

Претседателот на Бундестагот, Норберт Ламерт, на почетокот на седницата во сеќавање на жртвите од националсоцијализмот потсети на вината што ја чувствува Германија врз себе и на одговорноста што произлегува од неа.Колку е важна будноста против антисемитизмот,покажуваат и изјавите на иранскиот претседател.Махмуд Ахмадинеџад неколкупати го негира холокаустот и ја доведува во прашање егзистенцијата на Израел,потсети претседателот на германскиот парламент:

-Со згрозеност моравме да примиме на знаење дека денеска дури и еден шеф на држава го означува холокаустот како бајка и се расфрла со антисемитистички изјави.

Главен говорник на денешната седница на Бундестагот беше еврејскиот публицист Ернст Крамер,роден во 1913 година во Аугсбург.По погромот тој бил депортиран во концентрациониот логор Бухенвалд.Навреме,пред почетокот на систематското уништување на Евреите Крамер успеал да пребега во САД,а во 1945 година с евратил како американски војник во Греманија.Неговите родители и братот биле убиени од националсоцијалистите.

Крамер се потсети на судбината од своите млади години,на неделата и изрази жалење за милионите жртви од националсоцијализмот.На еден ден пред својот 93 –ти роденден тој им се заблагодари на сите кои и застанале на патот на тиранијата:

-Им благодарам на војниците од многу нации,кои се бореа и ја победија националсоцијалистичка Германија.Им благодарам на политичарите и државниците кои по втората Светска војна не ја повторија грешката од 1919 година,туку на Германија и дадоа шанса за нов почеток.Им благодарам на сите кои помагаа да бидат надминати како духовните,така и реалните урнатини.

Холокаустот,изјави Крамер,кој го преживеа благодарејќи на поволните околности,е најголемото зло,најдолната точка на германската историја:

-Како германски Евреин,што останав секогаш и покрај сите пресврти во мојот живот,припаѓам кон двете групи:и кон Евреите и кон Германците.Поради тоа двојно ги чувствувам страдањето и трагиката.

Целосното тогашно потфрлување на Германците за него до денеска е неразбирливо.Крамер е особено погоден од молкот на христијанските цркви:

-Каде беше во ова време меѓу 1933 и 1945 година христијанската љубов кон Евреите,Синтите,Ромите и многуте други?

Крамер го заврши својот говор со молбата за воздржување од ракоплескање,туку да се оддаде почит на жртвите од националсоцијализмот со минута молчење.