1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Комеморации во Дрезден, но и неонацистички провокации

Дрезден претпладнето: венци свежо цвеќе во спомен на жртвите на сојузничкото бомбардирање пред 60 години

Дрезден претпладнето: венци свежо цвеќе во спомен на жртвите на сојузничкото бомбардирање пред 60 години

Во Дрезден денеска со полагање венци и со многубројни манифестации се потсетува на 60-годишнината од бомбардирањето на градот од страна на американското и британското воено воздухопловство. Илјадници луѓе учествуваат на манифестациите, кои кулминација ќе доживеат вечер кога пред операта со море од запалени свеќи треба да биде симболизирана таканаречената свеќа за мир. Покраинскиот премиер на Саксонија Георг Милбрат ги повика своите соработници да се придружат на манифестацијата и со свеќи пред операта да им оддадат почит на жртвите на бомбардирањето и истовремено да дадат знак за помирување со некогашните воени противници.

Но, овој тажен повод го злоупотребуваат неонацистите, кои изведуваат демонстративен “траурен марш" во градот. “Не можам да ги разберам тие луѓе. Тие не се од Дрезден, доаѓаат од цела Германија и сакаат да дадат поинаков одговор на историјата. Но, тоа е погрешно” – рече Милбрат. Повеќе илјади полицајци се ангажирани за да спречат евентуални безредија.