1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Командантот КФОР - решение за статусот не очекува до крајот на годината

*

Новиот командант на силите на НАТО на Косово Ксавие Бо де Марнак, не очекува до крајот на годината да биде решен косовскиот статус. Де Марнак истакна дека НАТО внимателно треба да ги испланира своите активности во периодот по 10 декември, но оти не треба предвреме да се шпекулира. Според командантот, 10 декември сите го очекуваат и тој ден може да биде критичен но и не мора.

Преговорите меѓу Белград и Приштина треба да завршат во декември, по што преговарачката тројка ќе го презентира извештајот пред генералниот секретар на ОН.