1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Колу смеат да заработуваат менаџерите?

Да игра лото за Венделин Видекинг не е интересно - како шеф на Порше има годишни примања од шеесет милиони евра - сума која предизвика реакции - Германија повторно дебатира околу моралот и примањата на менаџерите.

default

Шефот на Порше со највисоки примања

Шефот на Дојче Банк Јосеф Акерман на пример годишно заработува 13 милиони евра. Волфганг Рајцле шеф на управниот одбор на производителот Линде заработува осум милиони евра Петер Лешер, новиот шеф на Сименс оваа година ќе заработи најмалку 4,4 милиони евра. На врвот по однос на заработувачката меѓу германските менаџери и шефот на Порше Венделин Видекинг, со според порценките годишни примања од шеесет милиони евра. Дали ова е праведно?

„Милионските примања во големите претпријатија сигурно не се праведни. Едноставно не може да биде еден менаџер во една година да заработи повеќе отколку еден друг работник што заработува во текот на целиот негов живот." вели Рајнланд Таниш од Германскиот сојуз на синдикатите. Имено според една актуелна студија осумдесет проценти од населението во Германија смета дека менаџерите заработуваат премногу.

Апел за моралот на менаџерите

Распложение кое стигна и до политичарите. Дури и канцеларканта Меркел има малку разбирање „Затоа што еден американски автомобилски бос заработува илјадапати повеќе од работникот, мора сосема очигледно и шефот на еден германски концерн да добие покачување на платата. Не сакам да давам оценка за успешноста на американските авомобилски претпријатија но ќе кажам дека производитлите со години ги гледаат јапонските авотомобилски претпријатија како посебо усшени. Таму шефот зараборува само околу дваесет пати повеќе од работникот.“ смета Меркел и апелра на моралот и одговорноста на шефовите на претпријатијата

Критиката неоправдана!?

Луѓето кои ги заработуваат парите во погорните катови сметаат пак дека неправедно се критикувани. Нивните примања се умерени и не зависат од успехот на претпријатието, се вели. Примањата ги одобруваат надзорните одбори во кои има и претставници на работниците, смета Рандолф Роденшток прерпиемач и економски функционер кој во целата дебата околу примањата гледа и порција завист.
90 работни часови неделно и одговорност за рабониците, вака на пример шефот на Телеком Рене Оберман ги правда неговите примања од 2,6 милиони евра годишно. Критичарите наспроти ова сметаат дека менаџерите се ориенираат кон добросостојбата на акционерите а не на вработените.

Нов кодекс за менаџерските плати

Германскиот сојуз на синдикатите во моментов работи на кодекс за умерени примања на членовите на управните одбори на фирмите. Според него, примањата на менаџерите не треба само да ја отсликваат вредноста на акциите туку треба да се дефинираат и критериуми на успех како на пример колку вработените се задоволни или колку на долгорочен план се безбедни на работните места.