1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Колумбија ќе преговара за мир со ФАРК

По речиси пет децениски судири, колумбискиот претседател ќе седне на преговарачка маса со левичарските бунтовници на ФАРК за да обезбеди мир во земјата.

Претседателот на Колумбија Хуан Мануел Сантос потврди дека неговата влада ќе отпочне официјални преговори со герилската група ФАРК- Револуционерните вооружени сили на Колумбија. Целта на преговорите е да се постигне долгорочен мир во земјата. Конфликтот меѓу вооружените левичарски бунтовници и воените сили во Колумбија трае речиси пет децении и досега ги однесе животите на десетици илјади луѓе, претежно цивили. Двете страни веќе одржале подготвителна средба, а официјалниот почеток на преговорите е закажан за 5 октомври во Осло, Норвешка.

Колумбискиот претседател најави дека ќе им понуди преговори и на други вооружени бунтовнички групи во земјата.

Обидите да се преговара за примирје со ФАРК ги започна поранешниот колумбиски претседател Андрес Пастрана во 1998 година, но тие пропаднаа во 2002 година. Во обид да ги одоброволи бунтовниците да преговараат, Пастрана им гарантираше безбедност на дел од територијата на земјата со големина на Швајцарија.