1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Колумбиската армија уби водач на ФАРК

И покрај едногласно прогласениот прекин на насилството од страна на герилците на ФАРК, колумбиската армија застрела еден водач на бунтовниците. Тој бил одговорен за напад врз еден висок по ранг политичар.

Крвав почеток за примирјето. Во провинцијата Каука, на југозападот на Колумбија, војската уби висок по ранг командант на Револуционерните борбени сили на Колмбија (ФАРК). Портпарол на Министерството за одбрана соопшти дека Диего Табарес бил убиен во престрелка.

Табарес бил командант на 6. фронт на ФАРК. Тој се смета за организатор на минатогодишниот неуспешен атентат врз поранешниот министер за внатрешни работи на Колумбија Фернандо Лондоњо, при кој животот го загубија пет лица, меѓу нив и возачот и телохранителот на политичарот.

Според наводи на полицијата, Тобарес планирал натамошни напади во провинцијата Каука, како и во главниот град Богота.

Изминатата недела ФАРК еднострано прогласи примирје. Ова примирје стапи во сила во неделата (15.12.2013). Сите борбени единици на герилската организација се повикани за 30 дена да прекинат со непријателските акции.

Бунтовниците повеќе од една година преговараат во кубанскиот главен град Хавана за мировен договор. Претседателот на Колумбија Хуан Мануел Санто одби примирје за време на преговорите.

ФАРК беше основан во 1964 година во борбата против големо поседниците. Во моментов со околу 8.000 борци таа е најголемата герилска организација во земјата. Во конфликтот со владините трупи и паравојските во изминатите пет децении беа убиени до 600.000 луѓе. Околу три милиони беа порогонети.