1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Коло на нерешени натпревари

Во петнаесеттото коло од Бундеслигата, пет од девет натпревари завршија нерешено, што не им помогна многу на засегнатите екипи. Освен тоа, викендов си замина и петтиот тренер сезонава.

default

Откако Маркус Бабел, тренерот на Штутгарт, не ја искористи и последна шанса што му ја даде раководството на клубот, тој вчера утро беше отпуштен, бидејќи неговиот тим не ја искористи последната шанса што ја имаше. Уште пред разочарувачките 1:1 против Бохум голем број фанови протестираа пред стадионот, а по завршувањето на натпреварот ја ослободија сета своја лутина и фрустрација. Клубот мораше да се носи со последиците. Бабел, меѓутоа, одржи самостојна конференција за печатот, по повод неговото отпуштање, каде јасно порача:

Markus Babbel Fußball Bundesliga 15 Spieltag VfB Stuttgart VfL Bochum

Маркус Бабел - петтиот отпуштен тренер сезонава

„Дури ниту таканаречените фудбалски милионери не заслужиле човек да ги заплашува со смрт и да ги мрази. Уште помалку од фановите на сопствениот клуб, тоа досега не сум го доживеал. По трагичната смрт на Роберт Енке, многу луѓе се јавија за збор. И што заклучивме од овој случај? Дека се` е само лицемерие.“

Бабел беше тренер на Штутгарт од минатиот ноември и од единаесеттата позиција го доведе клубот во Лигата на шампионите, но оваа сезона ги снајде катастрофалното 16 место. Замената за Бабел беше лесно најдена: Кристијан Грос доаѓа од Швајцарија, каде со години беше тренер на фудбалскиот клуб Базел, со кој во пет наврати го освои и швајцарското првенство.

„Сакам храбри играчи, играчи кај кои можам да почувствувам дека безусловно сакаат да победат и да им се оддолжат на фановите. Се наоѓаме пред Божиќ и ова е одлична можност да ги направиме луѓето среќни.“

Просечни игри со нерешени резултати

Што се однесува до спортскиот дел од петнаесеттото коло, тоа беше рунда на нерешени натпревари. Уште во саботата лидерот на табелата, Бајер Леверкузен доживеа разочарување. Натпреварот со Хановер 96 заврши со 0:0. Тренерот Јуп Хајнкес истакна:

Bundesliga 1. FC Köln gegen Werder Bremen

Нерешени 0:0 и во натпреварот меѓу Вердер Бремен и Келн

„Играта беше некако интересна, многу шанси за погодок, но сепак заврши 0:0. Но, сметам дека резултатот е фер. Иако мора да се каже дека Хановер беше нешто подобар од нас денеска.“

Тимот на Вердер Бремен, пак, не можеше многу да профитира од потфрлањето на Леверкузен. Во навистина просечна игра, тие се простија од домаќинот Келн, исто така со 0:0. И претседателот на Вердер Бремен, Клаус Алофс зборуваше за пропуштена шанса.

„Моравме да победиме, меѓутоа денеска не ни појде од рака. Без разлика дали беа во прашање стандардни ситуации, или нашите посебни комбинации.“

И Шалке, уште еден од конкурентите на Леверкузен, немаше лесен натпревар против Херта. Тоа траеше се` до моментот кога Кевин Курањи не го постигна својот стоти гол во Бундеслигата. Кратко пред крајот, Рафина преку пенал ја зголеми разликата на 2:0. Со ваквиот успех, Шалке останува на третото место.

Хамбургер, пак, играше против Хофенхајм на својот стадион, но натпреварот заврши со невозбудливи 0:0. Баерн Минхен уште во петокот извојува победа против Борусија Менхенгладбах со 2:1 и со 27 поени се искачи на четвртото место на табелата.

Bundesliga Werder Bremen gegen VfL Wolfsburg

Волфсбург мораше да се задоволи со еден бод

Бранителот на титулата, Волфсбург мораше да се задоволи со еден бод против тимот на Фрајбург, играјќи нерешено 2:2.

Со резултат од 4:0, против Нирнберг, Борусија Дортмунд му ја донесе на тренерот Јирген Клоп педесеттата победа во Бундеслигат а. Со ова веќе седум натпревари Дортмунд останува непоразен и се приближува до врвот на тебалата.

Во борбата за деветтото и десеттото место, Ејнтрахт Франкфурт го победи тимот на Мајнц со 2:0, со што Франкфурт е десетти, а Мајнц е на деветтото место.

Автор: Андрас Цимонс / Трајче Тосев

Редактор:Жана Ацеска