1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Колку ќе се троши в година?

Дали државниот буџет е реален и развоен? Ќе и‘ обезбеди ли на државата економска стабилизација од глобалната криза и враќање кон стапките на раст од претходните години? Што мислат за ова македонските пратеници.

default

Колку да тежи буџетот?

Вообичаено на крајот на годината во фокусот на политичката дебата влегува економијата. Стана пракса во Македонија во последната седмица од декември да се носи буџетот за идната година. Расправата што почна вчера (22.12.2009) се очекува да кулминира деновиве. Парламентарното мнозиство ќе нема проблем да ја изгласа предложената проекција, но треба да се издржи налетот на опозициските критики и да се спротистават издржани аргументи за да се убедат граѓаните дека економската политика што се води е исправна. Дали буџетот е реален и развоен? Ќе и‘ обезбеди ли на државата економска стабилизација од глобалната криза и враќање кон стапките на раст постигнати во претходните години. Или пак дополнително ќе ги осиромаши граѓаните и фирмите и ќе и‘ овозможи на власта нерационално да ги троши народните пари. Меѓу овие две дијаметрално спротивни позиции се води парламентарната дебата.

Бројни критики од опозицијата

Дојче веле ги праша пратениците кои се‘уште не дојдоа до збор на собраниската говорница каков буџет ќе има Македонија в година. Весна Бендевска од СДСМ оценува.

“Стопанството е во колапс, ќе се случи секој први при исплата на платите и пензиите да се емитуваат нови и нови државни записи, што значи ќе имаме се‘ посиромашни граѓани, по неефикасно стопанство и од друга страна се‘ побогата влада, односно поединци во власта.“

Mazedonien hat Kosovo als unabhängigen Sttat anerkannt

Пратениците со различни мислења

Критикува и либерал демократот Ристо Пенов. За него е спорна големината но уште повеќе структурата на буџетот.

“Од аспект на буџетот, 2010-та година ќе биде многу тешка за стопанството, со многу зафаќања, а без никаков елемент за помош на стопанството во правец на развој“.

Буџетот е реален

Буџетот е реален и развоен а критиките неосновани тврди Крсто Мукоски од ВМРО ДПМНЕ. Обезбедени се повеќе пари за инфраструктурни проекти и за клучните сектори а намалени се непродуктивните трошења.

“Ние ги оставивме средствата во стопанстото преку даночната политика. Дел од средствата зедовме од странски задолжувања, иако морам да спомнам дека Македонија спаѓа во ниско задолежени земји“.

Буџетот за 2010 е за неколку стотици милиони евра помал од годинешниот рекорден во двецениската самостојност на земјата.

Лош одраз врз економијата

Токму во континуираниот раст на буџетот експертите ја лоцираат причината за лошата економска состојба во која со години е заглавена Македонија. Џевдет Хајредини кој беше министер за финансии во раните деведесети години ја критикува праксата на секоја власт да го зголемува буџетот за свои потреби на сметка на граѓаните и стопанството.

Mazedonien Das Parlament in Skopje

“Во една држава како Македонија со 2 милиона граѓани да има таков раст на буџетот, а од друга страна осиромашување на населението, е чиста парола без основа“.

Обемот на буџетот за 2010 изнесува 2, 5 милијарди евра. Во него е предвидено дека економијата ќе порасне за 2 процента, исто колку што ќе изнесува инлфацијата. Буџетскиот дефицит е планиран на 2,5 отсто од бруто домашниот производ. Доминантна ставка со 800 милиони евра или една третина од вкупните трошења се социјални трансфери. Во буџетот е предвидена изградба на театри, музеи, спортски сали - со објаснување дека на тој начин се стимулира градежништвото, еден од клучните двигатели на економијата. За најважните инфраструктурни проекти, патните коридори и железничките пруги, проекти што годинава останаа нечепнати поради кризата, во 2010 се предвидени 86 милиони евра. Нови вработувања во државната администрација не се планирани, а платите на административците остануваат замрзнати.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Жана Ацеска