1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Колку ќе заработат годинава американските топ-менаџери?

Просечен топ менаџер во САД годишно заработува околу 11 милиони долари. Тоа е 364 пати повеќе од просечната заработувачка на еден Американец, кој работи полно работно време. Тоа сега треба да се смени.

default

Нема горна граница за нивните заработувачки

Според најавите на министерот за финансии Тимоти Гајтнер, акционерите треба да имаат право да стават вето при одредувањето на платите и бонусите на топ менаџерите. Формално горна граница за платите на менаџерите сепак нема да има. Овие мерки на администрацијата на Барак Обама се дел од сеопфатната програма за надминување на слабите точки во системот, кои го овозможија големиот колапс на банкарскиот сектор.

Чудни параметри

Барак Обама го окарактеризира како срамно однесувањето на американските менџери за време на финансиската криза, што тие ја предизвикаа. Само неколку месеци подоцна, меѓутоа, веќе се шират најави дека соработниците на финансискиот концерн „Голден Сакс“ можат да очекуваат рекордни заработувачки. Слично е и со Џон Хамерген, шефот на фармацевтскиот концерн „Мек Кесон“.

Obama deckelt Managergehälter

Празни ветувања: претседателот Обама и министерот за финансии Гајтнер

Неговата годишна заработувачка во оваа 2009 ќе порасне за 11%, на вкупно 29,7 милиони долари, иако акциите на претпријатието забележаа опаѓање од 33%.

Ваквите вести ги лутат просечните Американци: „Овие момци сакаат од една страна да ги поделат со општеството загубите што ги предизвикуваат, а од друга да ја приватизираат заработувачката. Кога добро заработуваат, тогаш сакаат тоа да го задржат за себе, а кога губат, тогаш на помош треба да им пријде даночниот обврзник, односно сите ние“, вели еден млад граѓанин на Њујорк.

Големи најави - мали закони

И новата администрација на Барак Обама го сметаше ваквото однесување на топ-менаџерите како несоодветно и вети мерки против него. Политичарите бараа скусување на платите на менаџерите, се залагаа за воведување такви параметри за оценување на успешноста на менаџарите, што ќе ја поттикнуваат грижата за долгорочен успех на претпријатието, а не кусорочни заработувачки. Во јавноста стануваше дури збор за барање

Montage Wechsel an der Führungsspitze von Starbucks

Колку заработуваат шефовите на „Старбакс“ синџирот?

менаџерите од својот џеб да покријат дел од загубите, што ги предизвикале со погрешното раководење на претпријатијата. Но, од сето тоа нема ништо во предлогот што го поднесе министерот за финансии Тимоти Гајтнер. Единствената новина е идејата акционерите да можат да соодлучуваат за платите на топ менаџерите. Тоа е бескорисно, а можеби дури и чекор во погрешна насока, оценува експертот Дон Линднер: „Таквиот закон е излишен, а можеби дури и контрапродуктивен. Во САД има околу 19.000 јавни претпријатија, од кои најголемиот број разумно ги регулираат платите на нивните менаџери. Ваквиот закон само би им создал дополнителна работа, што ќе чини пари!“

А германските менаџери?

Во Германија менџерите заработуваат во просек околу 667.000 евра годишно, што е далеку под нивото на американските колеги. Сепак, германските менаџери се на чело на европската листа, заедно со британските. Горната граница за нивните дополнителни приходи треба во иднина да може да ја постави Надзорниот одбор на претпријатието. Згора на тоа тие треба да бидат исплатени дури на крајот на договорот за вработување на менаџерот.

Автор: Јенс Корте / Горан Чутаноски

Редактор: Александра Трајковска