1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Колку чини покачувањето на нивото на морето?

Покачувањето на нивото на морето би можело да биде скапо. Вкупно 39 милијарди евра годишно ќе мора да издвојуваат 136-те големи пристанишни градови на планетата до 2050 година. Инаку штетите ќе бидат уште поголеми.

Финансиските трошоци за заштита од поплави во 136 најголеми пристанишни градови во светот годишно би морале да изнесуваат околу 39 милијарди евра - во поиканов случај загубите за градовите од поплави до 2050 година најверојатно би биле многу повисоки. Ова е резулататот на една студија на Светска банка, која за поединечни градови ги анализира актуелните и идните ризици од поплави, поради покачувањето на нивото на морето.

Осигурителните копании со сигурност детално ќе ја погледнат оваа студија. Тие имено веќе одамна се алармирани од климатските промени и покачувањето на нивото на морето. Како политичарите ќе реагираат, мора да се причека.

Со оглед на тоа дека 136 најголеми пристанишни градови во светот во 2005 година претрпеа штети од поплави во вредност од вкупно 4,5 милијарди евра, научниците си претставија три сценарија за 2050 година: или нивото на морето воопшто не се покачува - што е повеќе од неверојатно, или ќе се покачи за 20, или за 40 сантиметри.

Резултатот од тоа е: сѐ едно што ќе се случи - доколку градовите не инвестираат многу повеќе во заштита од висок водостој, загубите во 2050 година би надминале износ од околу 759 милијарди евра. Причината: се претпоставуваат повеќе големи поплави како и поголем број на загинати, уништени домови и продукциски постројки. Притоа оваа студија не ги зема предвид штетите кои би можело да бидат предизвикани од зголемениот број бури во светот.

Најтешко би бил погоден кинескиот пристанишен град Гуангцоу, а потоа индискиот Мумбај. Исто така и египетскиот пристанишен град на Средоземното Море - Александрија, би требало да вложи големи стредства како превентива од поплави. Европските метрополи како Хамбург и Ротердам не се наоѓаат меѓу 20-те најзагрозени пристанишни градови. Меѓутоа и тие би требало да преземат превентивни мерки, предупредува Светска банка.

Студијата доаѓа до резултат дека никаква заштита дури е подобра отколку прениски насипи и заштитни ѕидови. Во спротивно, жителите би стекнале чувство за лажна сигурност, а политичарите би дозволиле уште погусто населување.

На Њујорк не му се доволни 20 милијарди долари

Меѓу најзагрозените градови се вборјуваат и некои на бреговите на САД. Во моментов Њу Орлеанс во Мексиканскиот Залив, Њујорк и Мајами на брегот на Атлантскиот Океан претрпеле речиси една третина од вкупните штети на 136 најголеми пристанишни градови во светот.

Њујорк во ноември минатата година доби малку претстава што би значело кога морето се искачува: бурата „Сенди“ донесе огромни водени маси во градот и покрај насипите и заштитните ѕидови на градот во кој 400.000 жители живеат под нивото на морето. Штетите беа проценети на 20 милијарди долари.

Токму толку пари градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг сака да вложи во заштитата од полави, за градот во 2050 година да биде функционален. Неговиот план предвидува дека нивото на Атлантскиот Окен дотогаш ќе се покачи за 78 сантиметри. Меѓутоа, според студијата на Светска банка, Њујорк до 2050 година би морал да инвестира најмалку двојно повеќе.