1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Колку скап смее да биде натпревар во Бундеслигата?

Дискусијата околу високите цени на влезниците за натпреварите од Бундеслигата нема крај. Многу фанови ги бојкотираат натпреварите, а цените според висината се само на трето место во Европа.

Кога таткото ќе го одведе синот на еден натпретвар во Бундеслигата тоа го чини најмалку 20 евра. Ако сака да го одведе на натпревар помеѓу фудбалскиот клуб Нирнберг и рекордерот по титули во Бундеслигата, Бајерн Минхен ќе плати дури 46 евра. Причина е т.н. „додаток за топ клубови“ кој го воведува Бундеслигата за натпревари кои се особено интересни. „Ние сме на слободниот пазар на кој постои понуда и побарувачка“, објаснува Даниел Кирхнер, директор на стадионот при фудбалскиот клуб Нирнберг.

Навивачите не разбираат зошто цените на картите се толку високи. А токму децата на фановите би требале да можат да си дозволат карта за натпревар, вели Марк Куамбуш. Во септември 2010. година тој започна навивачка иницијатива за цените на местата за стоење на стадионите да не бидат поскапи од 20 евра. Непосредно по започнувањето на иницијативата многу фанови на Борусија Дортмунд го бојкотираа дербито против Шалке 04. Пропаднаа 1.500 билети, и трибините за посетителите останаа полупразни. „Тоа беше прво дерби во последните неколку години на кое картите не беа распродадени “, со задоволство во гласот Куамбуш го констатира успехот на својата иницијатива.

Ценовна шлаканица

Во Германија според податоците на Германската фудбалска лига (ДФЛ) фудбалските навивачи во просек трошат околу 23 евра за карта, додека во Шпанија и во Англија таа сума е над 40 евра. Генерално германските клубови според наводите на ревизорската куќа „Делоит’ во сезоната 2010/2011 бележат приход во износ од 411 милиони евра. Така клубовите од Бундеслигата се наоѓааат на меѓународно ниво на трето место зад Англија (610 милони евра) и зад Шпанија (428 милони евра). И оваа сезона речиси сите клубови од Бундеслигата ги зголемија цените на билетите за натпреварите, освен клубот Фортуна Диселдорф кој е во подем: „Тоа би билa вистинскa шлаканица“, објаснува портпаролот на клубот Том Костер. „Свесно ја задрживме ваквата политика за цените.“

Можно е зголемување на продажбата

Клубот од Диселдорф е повеќа правило отколку исклучок, затоа што поголем број од клубовите не ја исклучува можноста за натамошно зголемување на цените во иднина: „Клубовите имаат право умерено да ги зголемат цените“, кажува Филип Бирман, маркетинг стручњак и партнер во консултанската куќа Симон Кучер. Тој смета дека е можен раст на продажбата во износ од неколку милиони евра секоја година. Негова идеја е да ги задржи ниските цени на местата за стоење и така да привлече детски фанови. „Тинејџерите мораат да можат да си дозволат место за стоење затоа што се се’ уште на почетокот на својата кариера како фанови, а кога ќе бидат постари ќе почнат да ги заземаат местата за седење“, кажува стручњакот.

Паричен недостаток на повидок

И покрај критиките на навивачите и фактот дека цените на билетите оваа сезона се повторно зголемени, се зголеми продажбата на сезонски карти. „Бундеслигата секогаш ќе биде атрактивна. Ние сме фудбалска лига со најголем број гледачи во Европа, но колку долго ќе трае тоа?“

За фановите работата е јасна: „Фудбалот мора и понатаму да има достапни цени“. Марк Куамбуш ги потсетува клубовите од кого ќе живеат во иднина. „Ако не можам да си дозволам карти со 18, 19 или 20 години тогаш нема да имам желба да ги купам ни покасно“, критикува тој. И германската фудбалска легенда Уве Зелер е на страната на навивачите. „Мора да постои чувство за гледачите и за фановите, затоа што парите полека исчезнуваат“, рече некогашниот играч на националната репрезентација.