1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Колку се транспарентни политичарите ширум светот

Колку заработуваат пратениците? Колкав е имотот на еден министер? Се повеќе луѓе сакаат да ги знаат тие податоци за политичарите. „Транспарентност“ е волшебен збор и тоа не само во Германија.

Како изгледа идниот пратеникот во Германија? Можеби како Флоријан Пронолд, шефот на социјалдемократите во Баварија: Тоа значи дека членовите на Бундестагот сите свои приходи ќе и‘ ги даваат на увид на јавноста, не затоа што мораат, туку затоа што тоа го сакаат.

Пронолд за секој состанок во својата изборна единица добива 45 евра. За учеството во „Советодавниот одбор за политички прашања за заштеди“ добил 5.000 евра. Како адвокат: нема приходи. „Не можам паралелно да се занимавам и со својата професија“, кажува тој. Пронолд во 2011 година вкупно заработил повеќе од 150.000 евра.

Florian Pronold SPD

Флоријан Пронолд


Германските пратеници би можеле „стандарот Пронолд“ да го воведат доброволно, меѓутоа, на тоа, законски, никој не може да ги натера. Сегашните правила се далеку од потполна транспарентност: пратениците мораат да наведат се’ што им носи повеќе од 1.000 евра месечно или повеќе од 10.000 евра годишно. Притоа не мора да се наведе точниот износ, само категоријата на примања: категоријата 1 и 2 се мали и средни приходи, додека во категоријата 3 се наоѓаат сите редовни или еднократни износи над 7.000 евра. Значи, без разлика на тоа дали политичарот за некое предавање ќе добие 7.000 или 70.000 евра, по постоечката шема во двата случаи е доволно да се пријави примање во категорија 3. Точниот износ не мора да се открие.

„Тоа не е доволно“, вели во име на организацијата „Лоби Контрол“ нејзиниот портпарол Тимо Ланге: „Тоа мора да се подобри и Бундестагот веќе донесе одлука за тоа“. По парламентарните избори оваа есен за новите пратеници ќе важат нови правила: приходите до 250.000 евра се поделени во девет категории, а десетата е за приходите поголеми од 250.000 евра. Дискусијата за примањата на политичарите започна поради случајот на Пер Штајнбрик, кандидатот за канцелар на Социјалдемократската партија (СДП) кој заработил многу пари држејќи предавања.

Велика Британија: куќарка за патки

Britischer Politiker Entenhaus-Skandal

Куќарка за патки

Во Велика Британија е започната слична дискусија од друга причина. Беше петок 8. мај 2009 година кога „Дејли телеграф“ првпат ја објави тајната информација за политичарите кои бескрупулозно манипулирале со своите сметки. Членови од сите партии барале рефундирање на трошоците за второто место за престој, кое воопшто не постоело или во кое не живееле. А, куќите во кои навистина живееле ги реновирале со парите од даночните обврзници. Таа афера го доби името „Куќа за патки“, поради случајот кога еден политичар за околу 2.000 евра на својот имот, среде едно езерце, изградил куќа за патки - а потоа барал рефундирање од даночните обврзници.

„За многумина овој скандал беше решавачки случај во новата британска политичка историја“, кажува Даниел Хаф, стручњакот за корупција од Универзитетот во Сасекс. „Острата критика на политичкиот систем наведе многу членови на парламентот да размислат за тоа зошто всушност започнале да се занимаваат со политика“.

Британија во меѓувреме има нова установа која ги контролира примањата на политичарите и има поинакви, напредни правила. „Во Велика Британија, пратениците се обврзуваат да ги објавуваат своите дополнителни приходи, до последниот цент“, истакнува Тимо Ланге. „Тоа е нешто што ние го бараме и за Германија“.

Франција: Каузак и последиците

Jerome Cahuzac Politiker Frankreich

Жером Каузак



Францускиот „Ден на вистината“ би можел да биде 15.04.2013: денот кога социјалистичката влада ја објави имотната состојба на сите 38 министри. На пример, Мишел Делоне, министерката за сениори и нејзиниот сопруг имаат 5,4 милиона евра. Станува збор главно за наследство, вели Делоне која смета оти новата отвореност може да има и непријатна страна: „Опозицијата нема да пропушти можност да ја нападне богатата социјалистка“.

Новата транспарентност е резултат на скандалот околу Жером Каузак, кој поднесе оставка на функцијата министер за буџет. Тој со недели ја лажеше јавоста, за на крајот да признае дека од даночните власти затаил 600.000 евра. Левицата во Франција оди и чекор понатаму и бара, освен министрите, на транспарентност да се обврзат и сите пратеници и сенатори.

Отвореност во Шведска

Symbolbild Steuern Steuererklärung Steuerhinterziehung

Јавната даночна пријава - симбол за транспарентноста во Шведска

Најтранспарентна е можеби Северна Европа: „Во скандинавските земји, на пример, сите граѓани имаат можност некое време да ги видат даночните пријави“, истакнува Пронолд, додавајќи : „Мислам дека такво нешто никогаш не би заживеало во Германија. Премногу се големи разликите во политичките култури“. Баварскиот политичар смета дека постои нешто што може да се нарече светски тренд кон поголема транспарентност. „Трендот е неповратен. Имено, граѓаните да имаат право на увид за тоа колку заработуваат пратениците и дали имаат други извори на приходи освен како политичари“.