1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Колку се сигурни економските прогнози?

Пророци и претскажувачи имало отсекогаш, бидејќи луѓето од памтивек сакале да знаат како ќе им изгледа иднината. И денес не е поинаку. Економски прогнози има повеќепати годишно, но и тие често не им се докрај прецизни.

default

Без оглед дали станува збор за Меѓународниот монетарен фонд, Организацијата за економска соработка и развој, институтите за проучување на економските состојби, банките или пак Германскиот совет за економија, сите тие повеќепати годишно даваат прогнози за економскиот развој на една држава. Се рзбира, точноста на тие прогнози често варира нагоре или надолу. Тоа е така бидејќи некои работи едноставно не е можно да се предвидат, како на пример природните катастрофи, терористичките напади или економските кризи.

Полезно е да се чујат повеќе прогнози

Deutschland Wirtschaft Börse in Frankfurt Anzeigetafel Jahrestief

Иднината тешко може да се прогнозира, вели претседателот на Германското сојузно здружение за трговија на големо и мало, Антон Бернер. Претпријатијата во неговото здружение се првите кои чувствуваат кога состојбите во светската економија се влошуваат.

„Занимливо е да се слушне што за иднината мислат претприемачите, што мислат научниците, математичарите или финансиските експерти. Потоа можете самите да извлечете заклучоци. Сите ние сме зависни од информации како и од емоции. Резултатот, односно резултатот на светската економија е збир од многу поединечни одлуки. Затоа од голема полза е да се чујат што е можно повеќе прогнози“.

2001 година беше пример за погрешно прогнозирање. На почетокот од годината економските научници сметаат дека стопански раст во Германија е возможен и тоа до три проценти, а потоа работите тргнаа надолу и растот изнесуваше само 0,6 проценти. До влошување на глобалната економска ситуација во таа 2001 година дојде поради скокот на цената на нафтата, слабеењето на економската моќ на САД и се разбира терористичките напади во Њујорк и во Вашингтон на 11 септември. Вакви т.н „екстерни шокови“ не е можно да се предвидат.

„Старите волци“ имаат предност

На крајот од краиштата, прогнозерите на економските состојби не се пророци, вели

Dr. Rolf Kroker, Leiter Wirtschaftspolitik und Sozialpolitik des Instituts der deutschen Wirtschaft

Ролф Крокер од Институтот за германската економија од Келн

Ролф Крокер од Институтот за германската економија од Келн и додава:

„Но тие се разбира мораат во својата област да имаат високо знаење, кога станува збор како за набљудувањето на економските состојби така и за прогнозите. Научникот мора да знае како економиите на САД, Франција или пак Кина се одразуваат врз стопанството на Германија. Тој мора да ги познава трговските односи и уште многу други работи. Погледнато така, тој во таа област има или би требало да има повеќе знаење од кој било друг“.

Крокер смета дека „старите волци“ меѓу прогнозерите на економските состојби се во предност. Врз основа на големото искуство тие имаат добро чувство да предвидат како ќе се развиваат стопанските текови. Михаел Шредер од Центарот за проучување на европската економија од Мајнхајм истакнува дека за прогнозирање е неопходно и познавање на историјата.

„Историјата во изминатите 20, 30, можеби и 50 години е основа за новите прогнози. Во таа смисла поврзувањето со случувањата од минатото е централна основа за нови прогнозирања“, истакнува Шредер.

Автор: Моника Ломилер/ Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска