1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Колку се опасни европските нуклеарки?

ЕК ги подложи европските атомски централи на посебен тест на безбедност. Но, објавувањето на резултатите е одложено, веројатно тие се прилично отрезнувачки.

Според германскиот дневен весник „Ди Велт“, извештајот дава исклучително лоша оценка за безбедносните концепти на атомските централи во Европа. Првично, извештајот требаше да биде објавен уште пред неколку месеци, потоа е одложен за 3. октомври, а сега пак за -18. октомври, како што неочекувано соопшти надлежниот ерокомесар за енергија, Гинтер Етингер, затоа што истражувањата не биле завршени.

Европската комисија по катастрофата во јапонската нуклеарка Фукушима поведе истрага дали ваков инцидент може да се случи и во Европа и како би можел да се спречи. Во ЕУ функционираат 68 атомски централи, кои произведуваат струја со 134 реактори. Овие нуклеарки се наоѓаат во 14 од 27 земји-членки, а безбедноста беше ставена на проверка преку стрес-тест.

EU-Energiekommissar Günther Oettinger

Еврокомесарот Гинтер Етингер

Без заштита од пад на авиони

Јохен Штеј е портпарол на антиатомската организација „Озрачено“ и се занимава со опасностите од мирнодопското користење на атомската енергија. Тој од извештајот и така немал големи очеквања, вели во разговорот за Дојче веле, зашто „основните податоци потекнуваат од самите нуклеарки. Во принцип, ним им бил испратен прашалник кој требало да го пополнат и да одговорат во врска со безбедноста“. Штеј дополнува: „Само една третина од постројките беа воопшто посетени од надворешни лица заради проверка“.

Друга слабост на испитувањето, според него, е што воопшто не била испитувана безбедноста на атомските централи од пад на авион врз нив. Во Германија Комисијата за безбедност на атомските реактори веќе констатира дека „ниедна нуклеарка во Германија не е обезбедена од ваков пад“.

Трошоци во двоцифрени суми милијарди

Доколку атомските централи мораат да се обезбедат од пад на авион врз нив, тоа би бил крајот на атомската енергија во Европа:

„Обезбедувањето на атомските централи од пад на авиони би било прескапо. Електричната енергија од атомска централа тогаш воопшто не би била рентабилна“, вели Штеј.

Како што известува „Ди велт“, ЕК ги проценува трошоците на подобрувањето на безбедноста на нуклеарките на околу 25 милијарди евра. Бидејќи обезбедувањето од пад на авион не е вклучено во стрес-тестоттаа ставка би била дополнителен трошок до непредвидливи бројки.

Frankreich Atomkraftwerk Fessenheim

Атомската централа „Фесенхајм“ во Франција

Преголем притисок, премногу време

Една реченица од завршниот извештај на стрес-тестот става јасно на знаење дека европските атомски централи веќе долго време не можат да се сметаат за сигурни. Службениците во ЕУ се жалат дека постојат сознанија добиени од атомската катастрофа во Чернобил во 1986-година, но тие не се преточени во соодветни мерки на безбедност. „Ди велт“ го цитира извештајот со зборовите: „И децении подоцна изостанува примената на итно потребните безбедносни мерки“.

Јохен Штеј тоа не го чуди: „Тоа го доживуваме секогаш одново“.

Кај атомската централа „Библис“ во германската покраина Хесен прописите не биле исполнети од почетокот на работата во 1980-та до ставањето во мирување во 2011-та. Вчастите можеле да ја стопираат работата на „Библис“,  но не го направиле тоа.

Atomkraftwerk Biblis

Атомската централа „Библис“ во Германија

Само средство за смирување

Дали најавениот извештај на ЕК навистина ќе биде толку поразителен колку што се предвидува, од аспект на екологистот Штеј нема големо значење. Тој стрес-тестот го смета како пропагандно средство за смирување кое го употребува ЕК.

„На јавноста и‘ се сугерира - вршиме стрес-тест, донесуваме безбедносни прописи, преземаме мерки против ризиците“, вели Штеј. Фактички, заклучува тој, тие никогаш не се применуваат.