1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Колку се независни македонските медиуми?

Независни медиуми се предуслов за демократско општество. Колку македонските медиуми ја исполнуваат оваа задача? На оваа тема денеска (18.06.09) се дискутираше на трибина во Скопје.

default

Колку се професионални и независни медиумите во Македонија? Колку се подложни на политички влијанија и на злоупотреби од страна на разните центри на моќ? Овие прашања се доволна провокација за германската фондација Конрад Аденауер да организира трибина на тема: „Политиката и медумите меѓу зависност и независност“. Оценките на учесниците беа негативни и прилично остри. Претседателот на Советот за радиодифузија Зоран Стефановски предупреди дека во Македонија нема регулаторно тело за сите медуими.

Холандската амбасадорка Симоне Филипини вели дека новинарите признаваат дека се подложни на разни притисоци. „Познавам повеќе професионални новинари во Македонија и понекогаш од нив слушам дека биле спречени да бидат искрени, биле оневозможени да создадат информација како што сметале дека треба да биде. Биле спречени од условите за работа, од влијанието на нивните сопственици и тоа не е здрава околина за ниту еден новинар“, изјави холандската амбасадорка за Дојче веле.

Новинарите се самите виновни за нивото на кое се наоѓа професијата, смета претседателот на Здружението на новинари Роберт Поповски. Главниот уредник на А1 телевизија, Младен Чадиковски состојбата во новинарството ја споредува со пандемијата на новиот опасен грип. На сензационализмот како негативна појава во медиумите предупреди пак професорката Весна Шопар.

Советот за радиодифузија ќе предложи законски иземени што ќе забранат партиски ангажмани на сопствениците на медиумите и на членовите на нивните семејства.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Александра Трајковска