1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Колку се безбедни олимписките игри?

За домаќините на 28 ите олимписки игри безбедноста, која се на се ги чини 1,2 милијарди евра, е централна тема. Одговорните со гордост постојано нагласуваат: Игрите се безбедни. Навистина ли е така? Прашањерто се поставува со право, имено британскиот весник “Сандеј мирор“ безбедносните мерки на олимписките игри ги означи како “сон за терористите”, откако новинар на весникот ги мина безбедносните контроли.

Олимпискиот стадион во Атина

Олимпискиот стадион во Атина

Новинарот се именуваше како Михаил Маус и Роберт Бин Ладен. Со акредитациите издадени на овие имиња, како возач на британско претпријатие слободно се движел низ олимпискиот стадион, и внел три пакети со кабли, батерии и жици, без притоа да биде откриен.

Можно е да се случи, вели експертот за тероризам Елмар Тефесен, но сериозен тест за безбеноста би можело да се спроведе многу полесно.

“Очигледно е дека и само поради името сега можеат да се пишуваат големи наслови. Треба овде само еднаш да се прошетата и ќе видите: постојат празнини, не се зама се сериозно в предвид.”

За 1,2 милијарди евра, пари кои Грција ги инвестираше во безбедноста, може да се купи многу техника, но апаратите се толку добри колку и луѓето кои ги управуваат. Тефесен смета дека лицата одговрни за безбедноста се добро обучени, пријателски настроени и особено не нападни, но не се перфектни

“ Ако се контролираат 90 проценти а десет не или само три проценти не, тогаш можеби е и доволно, бидејќи секој терорист, секој злосторник смета дека ризикот е премногу голем, за навистина да се обиде.”

Тефесен вели дека постојат недостатоци, но смета и дека сто процентна безбедост е утопија сепак: на акредитациите стојат кодови, кои неможат да бидат прочитани бидејќи недостасуваат соодветни скенери. Оспоруваниот цепелин, во секое време од небото би можел да долови противтенковска граната, 255 милони скапата техника сеуште не е целосно инсталирана

“Таму постои наплив од податпоци, вклучени се преку 1000 камери, микрофони има насекаде. Оваа контрола е многу добра, но одлучувачкото, она што недостасува е токму програмата која сите овие информации во секунда ќе може да ги собере и процени.”

Сепак се што е сторено во однос на безбедноста, има вредноста, а постојат и по некои недостатоци. “ Уште колку пари треба да дадеме? Прашува Тефесен. “Некаде мора да постои и граница”. Експертот за теросизам е релативно задоволен со напорите на Грција и не верува во акутна закана

“Сепак мора секогаш да се каже: она што сега е постигната, и пред се она што се гледа во градот, создава чувство на безбедност и јасно го намалува ризикот. Ал Каеда или исламските трерористи повеќе имаат други цели в предвид откколку олимписките игри.”

Георгиос Вулгаракис, грчккиот министер за јавен ред со задоволство го слуша ова, а на британскиот новинар му посоветува во иднина да чита помалку криминални романи.