1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Колку работат германските жени?

На германскиот пазар на труд нема знаци за завршување на кризата иако бројот невработени со оглед на вообичаениот тренд во зима опадна.

default

Во Германија, има помал процент на невработени жени отколку на мажи. Како стојат работите пак кај оние што заработуваат? Институтот за економија во Келн изработи студија според која постојат значителни разлики меѓу вработувањето кај двата пола.

Околу 16 милиони жени во Германија се вработени, но тие, гледано воп просек заработуваат многу помалку отколку мажите, дури и кога е во прашање иста работа, покажува студијата на германскиот институт за економија. Просечната плата на жените, во просек е 20 до 30 насто помала отколку платата на мажите. Холгер Шефер од институтот вели дека не станува збор за дискриминација, туку дека на тоа влијаат некои друии фактори:

,, Од една страна тоа е така затоа што жените не се толку квалификувани како мажите. Тоа пред се се однесува на постарите жени. Помладите генерации, кои сега му пристапуваат на пазарот на труд, се исто така добро, дури и подобро образувани од своите колеги мажи. Втората работа е тоа што жените имаат пократок работен стаж, како и отсуството пд работа по раѓањето деца “, вели Шефер.

Најчесто, жените во Германија се вработени како негователки, продавачки или учителки. Многу слабо е нивното учество во индустријата или занаетчиските дејности. На пример, само 6 % од вработените жени заработуваат како електричарки. Дејностите кои бараат физички напор, како на пример градежништвото, се главно работа на мажите. Исто така, во техничките дејности или природните науки има помалку припаднички од понежниот пол. Исклучок е лекарската професија, бидејќи од 10 лекари во Германија, 4 се жени.

За последните десет години бројот на вработените жени во Германија е зголемен на околу 9000 илјади. Наспроти тоа, бројот на вработени мажи опадна на милион и 300 илјади. Притоа важна улога игра скратеното работно време, бидејќи жените кои работат со намалено работно време полесно ги исполнуваат обврските на работа и во семејството. Споредено со останатите земји во светот, скратеното работно време во Германија игра значајна улога.

,,Само во Холандија или Велика Британија има поголем број вработени кои работат со скратено работно време. Наспроти тоа, во скандинавските земји, има голем број вработени жени, но малку од нив работат со полно работно време,, вели експертот од институтот по економија Холгер Шефер.

Што се однесува до невработеноста во Германија, постои нов феномен: кај жените таа изнесува 10, 8 отсто а кај мажите 12, 5 отсто. Како што покажува студијата на германската економија, припадничките на понежниот пол полесно се снаоѓаат на бирото за вработување.