1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Колку празници се доволно?

Во намерата да ја европеизира Македонија, Владата тргна од празниците и од работното време. Aдминистрацијата почна со работа од 8 и 30 до 16 и 30 часот. Ако во собранието помине и владиниот предлог за воведување нови празници, Македонија ќе ја стигне Шведска, европскиот рекордер по неработни денови.

default

Кабинетот на Никола Груевски сака да промовира уште три државни и шест верски празници во денови за одмор. За опозицијата иницијативата е популистичка, за верските лидери начелно прифатлива.

Поглаварот на македонската православна црква, г.г. Стефан е задоволен од владиниот предлог.

“Ставот на МПЦ по тоа прашање беше дека треба да се воведат и да се празнуваат празниците кои што се општо прифатени и се почитуваат меѓу православниот народ и да се прифатат за празници оние што меѓу претставниците на другите верски заедници се почитуваат“.

Поглаварот на исламската верска заедница, Сулејман Реџепи се надева дека во парламентарната дебата на оваа тема што ќе следи уште некој исламски празник ќе биде прогласен за државен.

“Со оглед дека од исламската вера, иако исламот од сите вери има најмалку празници, има само два празника тоа се Рамазан Бајрам и Курбан Бајрам и наводно слушаме дека во тој поглед има расчекор. Наводно, само Рамазан Бајрам се прогласува за државен празник а не и Курбан Бајрам“.

Владата предлага за државни празници да се прогласат денот на Свети Кирил и Методиј - 24 мај, 23 октомври, ден на Македонската револуционерна борба и 8 декември, ден на Свети Климент Охридски. Од верските празници неработни денови според владата треба да бидат Бадник, Великипеток, Водици, Задушница, Голема Богородица, Рамазан Бајрам, за Албанците денот на албаската азбука, за католиците денот на мртвите. По европски терк Владата бара втори јануари и втори мај да бидат работни денови.

Сојузот на синдикатот се спротивстави на намерата да се скрати празнувањето на денот на трудот, исто како што не прифати работното време да биде од девет до 17 часот и со тоа да се изедначи со европското.