1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Колку пати може да умре еден диктатор?“

Поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин е прогласен за виновен поради масакрот врз 148 Шиити извршен пред 24 години. Треба да биде обесен пореди злосторства против човештвото одлучи судот во Багдад. Петер Филип коментира

Хусеин осуден на смрт

Хусеин осуден на смрт

За многу ирачки Шиити и пред се‘ за Курдите во земјата одамна се знае дека исходот од судскиот процес против Садам Хусеин би морало да биде смртна казна. Но: колку пати може да умре еден диктатор, за да ги отплати злосторствата за кои е виновен?

Ова беше првиот од повеќето судски процеси во кои треба да се донесе пресуда против Садам: Овојпат станува збор за убиството на 148 Шиити од местото Дуџаил. Сеуште е во тек процесот поради убиството на илјадници Курди, резултатот треба да следи. Но што притоа значи денешната смртна пресуда против поранешниот дикатотор? Ќе се спроведе ли пресудата или прво ќе бидат завршени другите процеси?

Прашања кои во моментов остануваат без одговор. Неизвестно исто така е и што претсатвува пресудата за безбедносната состојба во Ирак. Додуша би можело да се каже: Дали може и воопшто да биде полоша? Но сепак оддекна матната закана на бранителите на Садам, дека смртна пресуда ќе ги отвори портите за пеколот.

По објавувањето на пресудата мора и треба да се одмери, што занчи еден ваков процес. Спонтаниот одговор не е еднозначен: Вашингтон и ирачката влада со процесот сакаат да докажат дека Ирак е на патот на правна држава и дека е во состојба да се справи со неделата од режимот на Садам Хусеин. Нема победа на правото како во Нирнбершкиот процес, нема меѓународен специјален суд како во случајот со поранешна Југославија. Нема упатуња до меѓународен кривичен суд. Но нема ниту „комисии за вистината“ како во Јужна Африка.

Процесот во прва линија требаше да го подготви теренот за национално помирување но токму тоа не се случи. Во спротивно: Приврзаниците на Садам ќе се обидат да предизвикаат ескалација. Имено тие појасно од кога и да е досега мораат да увидат дека нивното време на моќ помина. Садам тие ќе го сметата за маченик, кој до последен момент ја имаше шансата преку судницата да ги испрати своите апсудрни аргументи до целиот свет.

По прсудата наплива опасна мисла: Дека можеби би било подобро ако Садам не би бил уапсен жив. Во овој случај денеска можеби толку малку ќе се зборуваше за него како и за неговите синови. Опасна мисла бидејќи е спротивна на секој државно – правен концепт. Само секојдневието постојано докажува: Ирак е далеку од правна држава. А пресудата во процесот против Садам, не го приближува до овој идеал.