1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Колку Македонија ќе биде погодена од прекинот на доставата на рускиот гас?

Прекинот на доставата на рускиот гас за Бугарија може да се одрази и во Македонија. Компанијата „Гама“, дистрибутер на рускиот гас, во текот на денот ќе објави прецизни информации околу испораката на природниот гас.

default

Спорот околу Русија и Украина се одразува на Балканот

Руско-украинскиот спор околу испораката на природниот гас може да ја погоди испораката на овој енергенс и во Македонија. Земјата има резерви на гас за само еден ден. Алтернатива за дваесетте поголеми компании, коишто го користат рускиот гас е мазутот. Сепак, во скопската железарница не ја исклучуваат можноста да ги затворат печките, поради недостиг на гас и покрај тоа што работи со намален капацитет поради празниците.

Компанијата „Гама“ го мобилизираше целиот менаџерско-технички тим и покрај тоа што во Македонија е неработен ден. Компанијата за диструбиција на рускиот гас во Македонија во текот на денот ќе има прецизни информации од кога е можен прекин на доставата на рускиот гас, кој во Македонија се транспортира преку Бугарија.

Концернот „Газпром“ лиферува природен гас и во Македонија. Компанијата беше еден од финансиерите на гасовата мрежа. Македонија минатата година потроши 120 милиони кубни метри гас, а оваа година нарачките се зголемени за 30 насто.