1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Колку лесно граѓаните стигнуваат до информации од јавен карактер?

Четири години во Македонија е во примена Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер. Но, 63 проценти од граѓаните не знаат дека тој постои. Граѓаните често и за банални одговори стојат по шалтерите.

default

Македонија се’ уште е традиционално затворено општество во кое граѓаните не се чувствуваат слободни да бараат отчет од државата и не ги препознаваат институциите како места кои се должни да им обезбедат информации, се вели во една од деветте препораки на Институтот отворено општество, како нарачател на истражувањето посветено на примената на законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Истражувањето на територијата на цела Македонија со кое беа опфатени 1009 испитаници и 50 професионални иматели на информации во глобала покажа дека власта треба да го спречи комотното однесување на државната администрација и да сфати дека едукацијата на

Jasmina Brezovska

Јасмина Брезовска

граѓаните е нејзина обврска, вели Данче Даниловска Бајдевска од Фондацијата СОРОС: „Општ заклучок е дека речиси е невозможно да се добие информација од државните служби по регуларен пат, што делумно покажува неколку работи: Владата и државната администрација се сосема нетранспарентни, службите не се услужно ориентирани, и дека во Македонија не се применува правото, односно различно се толкуваат законите.“

Поделеност и скептичност и при барањето информации од јавен карактер

Околу 63 проценти од граѓаните не се запознаени со законот, наспроти 37 насто кои изјавиле дека се информирани. Во однос на потешкотиите за доаѓање до информација низ призма на етничката припадност на граѓаните, истражувачите забележале повисок процент на потврдни одговори кај граѓаните од македонска националност: „Имено 84 проценти од Македонците се произнеле дека имаат чувство ако имаат потреба од информација дека тешко ќе дојдат до неа, додека анкетираните од албанска националност во однос на истото прашање се произнеле со 71 процент потврдни одговори. Најмногу распространет скептицизам дека ќе наидат на тешкотии, се забележува кај анкетираните од останатите националности дури 89 насто.“

Бесплатна телефонска линија за подигање на јавната свест

Под мотото „Имам право да знам“ се одвиваат чести средби со граѓаните, се делат и брошури, а од пред четири години

Stiftung SOROS in Mazedonien

Данче Даниловска Бајдевска

стартуваше и Отворена бесплатна линија за подигање на јавната свест, вели Јасмина Брезовска од Македонското здружение на млади правници: „Граѓаните најчесто се јавуваат со прашања сврзани за нивни постапки пред катастарот и како да стигнат до некој документ кој им е потребен за постапка во суд.“

На почетокот институциите немаа лица задолжени за оваа област, состојбата се подобри, но има друг проблем, додава Брезовска: „Честопати се менуваат службениците определени да им помагаат на барателите. Се случува обученото лице да биде заменето со некое ново, кое што не поминало обука.“

Ретко кој знае дека може да се жали до Комисија за заштита на правата

Повеќе од половина од граѓаните кои знаат за законот, не знааат дека постои Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информаци, која е независен орган. Љубица Станојовска член на комисијата го коментира сработеното: „Во периодот септември 2009 – септември 2010 година Комисијата постапи и одлучуваше по вкупно 410 жалби поднесени од граѓани, правни лица и невладиниот сектор. На 26 седници членовите на Комисијата по разгледувањето донесле 106 решенија со кои им се наложува на имателите на информации на барателите да им ги дадат бараните информации.“

Остварувањето на правата на граѓаните е чин на демократизација на општеството, а транспарентноста е механизам да се контролираат институциите, ефикасноста на администрацијата и присутната корупција.

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Александра Трајковска