1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Колку е силно израелското лоби во САД?

Политиката на Вашингтон кон Блискиот исток е постојано мета на критики во САД. Во времето на Клинтон се велеше дека земјата се ангажира премногу на притисок на израелското лоби, додека сега се тврди дека токму под притисок на израелското лоби сега не се прави доволно за мир во регионот.

Израелскиот премиер, Ехуд Олмерт и американскиот претседател, Џорџ Буш

Израелскиот премиер, Ехуд Олмерт и американскиот претседател, Џорџ Буш

“Израелското лоби и американската надворешна политика“ – под овој наслов двајца познати американски политиколози објавија документ кој предизвика полемична дебата. Тезата на Џон Мерсхајмер и Штефен Валт, сведена на најмал заеднички именител гласи – блиските односи на САД и Израел им штетат на американските интереси. Одговорно за ваквиот развој, според авторите, е влијателното и моќно про-израелско лоби. Ова, од друга страна, од други професори беше оквалификувано како антисемититстички став. Професорот Пол Шам, истражувач на Мидл Ист институтот во Вашингтон, вели: “Нема збор, во САД постои про-израелско лоби. Тоа е поддржано од повеќето Евреи во САД, како и од големиот број евангеликански христијани.“

Пол Шам го вбројува израелското лоби во највлијателните лоби групи во САД, но не верува дека тоа ја контролира американската политика: “Дека САД само поради ова му даваат поддршка на Израел, или дека е тоа дури и главна причина за нападот на САД врз Ирак – е теза што не можам да ја прифатам.“

“Американскиот еврејски комитет“ направи истражувања, според кои опозицијата против ирачката војна меѓу Евреите во САД е поголема отколку меѓу остатокот на населението. Затоа, извршниот директор, Дејвид Харис, решително го отфрла обвинувањето за некаков заговор: “Тоа е прастара антисемитистичка претстава – дека има група Евреи кои сакаат да вршат контрола. Очигледно е дека ова нема врска со вистината.“

Научникот Пол Шам тврди дека израелското лоби во САД веќе неколку години има сојузници, со помош на кои добило навистина влијание: “Без значителната поддршка на евангеликанските христијани, тие немаше да имаат многу моќ во Вашингтон. Тоа се разви во последните 20 години. Во САД има многу повеќе фундаменталистички и евангеликански христијани отколку што има Евреи.“

Оваа група се пожестоко се залага за интересите на Израел. Политичката десница и нејзините врски со републиканците, според Пол Шам, има сопствени причини за ваквата политика.

“На мислење се дека Израел треба да се брани, дека е тоа еден дел од борбата против тероризмот. Фундаменталистичките христијани во оваа група имаат чувство дека деновите на апокалипсата се блиску и дека воздигнувањето на Израел како држава која има моќ е еден дел од тој процес.“

Врз грбот на Израел и израелското лоби во САД се ставаат многу нешта. Поранешната американска влада на Бил Клинтон мораше да трпи обвинувања дека нејзиниот енергичен ангажман во блиско-источниот мировен процес е под влијание на еврејско-израелските интересни групи. На сегашната влада на Џорџ Буш,пак, и се префрла дека е пасивна по ова прашање, токму поради влијанието на израелското лоби.

Она,што,пак постојанос е тврди е дека владата на Буш има премногу блиски односи со Саудиска Арабија. Неделава од печат излезе книгата со наслов “Подебело од нафта – САД и Саудиска Арабија“. Сето ова е многу можно да води кон еден логичен заклучок: американската надворешна политика ги следи американските интереси.