1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Колку е сигурна електронската пошта во Германија?

Гугл ја прегледува електронската пошта за своите огласи, НСА ги надгледува интернет комуникациите поради националната безбедност. Во Германија тајноста на е-поштата е заштитена со закон, но реалноста изгледа поинаку.

Уште од 1949 година тајноста на комуникациите во Германија спаѓа во основните човекови права. Членот од Уставот кој гласи „тајноста на писмата, поштата и телекомуникациите е неповредлива“ никогаш не беше променет.
Како еден од најновите облици на комуникација и е-поштата би требала да биде под заштита на Уставот, бидејќи како што кажува самиот збор се работи за „пошта“. Значи, нема потреба за грижа, бидејќи ако се следи зборот на законот, и е-поштата е заштитена.

Немојте ни да се надевате на приватност!“

Со над 400 милиони корисници „Џи-Мејл“ на Гугл е најкористениот сервис за електронска пошта на светот- и во Германија овој интернет џин држи 17 проценти од пазарот.

На нивната страница за заштитата на податоци јасно се истакнува дека сигурноста и заштитата на податоци за Гугл се од најголема важност и оти „постојано работат“ таа сигурност да се зголеми.

Но, на неодамнешните судски процеси адвокатите на Гугл го тврдеа токму спротивното од она со што се фалат на својата интернет страница. Тие предупредија дека корисниците на „Џи-Мејл“ не требаат ни да очекуваат приватност: „Оној кој праќа писмо на својот бизнис партнер, не треба да се изненади, ако го отворат асистентот или колегата на тој партнер. Затоа ни корисниците на денешните сервиси за електронска комуникација преку интернет не би требало да се изненадат, ако во текот на транспортот писмото го отвори некој од помошниците на примателот, значи асистентот на сервисот е-пошта.“

Машините се доволни за здодевна пошта

Гугл тврди дека сите пораки кои се зачувани во сервисот, „Џи-Мејл автоматски“ ги проверува поради вируси и спамови (несакана пошта), но физичките лица немаат пристап до содржината на поштата. Истовремено, Гугл признава дека автоматското скенирање се користи и целно меѓу корисниците да се најдат лица кои би можеле да бидат интересни за некој производител и неговата реклама.
Експертот за мрежни комуникации, Андреас Бок од компјутерескиот клуб Хаос, не е изненаден со овој факт, бидејќи веќе долго време знае дека Гугл тоа го прави. „Се создаде проблем бидејќи стана јасно дека сервисите за е-пошта имаат пристап до содржината на поштата на своите клиенти.“ Бок предупредува дека Гугл не ги задржува тие информации за себе, туку ги става на располагање и на други партнери. Меѓу нив спаѓаат и државните служби и е уверен оти тоа се однесува на сите американски сервиси за електронска пошта.

Реклама за тајност

Некои стручњаци сметаат дека приватноста може подобро да се заштити ако не се користат некои американски служби. По избивањето на скандалот со прислушување на службата НСА, дури и германскиот министер за внатрешни работи Ханс-Петер Фридрих советуваше користење на сервери кои не се наоѓаат во САД.

Навистина, германските сервиси- од Телеком, па до ГМХ и Веб.де- привлекуваат корисници со ветување за „сигурен“ поштенски сообраќај на податоци и ветување дека ќе ги шифрираат мејловите и ќе ги третираат според германските закони за заштита на податоци. Дојче Телеком на прашањето на ДВ гарантираше дека „нема да ја следи стратегијата на Гугл“ и нема да им овозможи пристап на странските служби за разузнавање.

Но, експертите не веруваат особено на тие гаранции на германските сервиси. Потсетуваат дека писмата се шифрирани само во комуникацијата меѓу сервисите на Телеком, ГМХ и Веб.де, но не и кај останатите. На службите за разузнавање како што е НСА не им претставува голем проблем да ја надгледуваат поштата на одредени јазли во протокот на податоците и преку нив да си овозможат пристап и до зачувната е-пошта. „Сето тоа е маркетинг. Добро е што почнаа да користат шифрирање, но тоа е и натаму слаба заштита“, вели Бок. Според негово мислење и онака „не постои 100 процентно сигурен сервис за електронска пошта.“