1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Колку е одржлива подобрената состојба во економијата?

Во германското стопанство владее добро расположение, со оглед на вестите за позитивниот конјуктурен тренд и одличните квартални резултати на претпријатијата. Но, има и експерти кои предупредуваат од преголема еуфорија.

default

Индексот на институтот Ифо за бизнис-климата во Германија во јули покажа најголем пораст од повторното обединување на земјата. Европската централна банка јавува за позасилено доделување кредити од страна на банките во 16-те земји на евро-зоната. „Дојче банк“ ја зголеми добивката на еднаипол милијарда пред оданочување, софтверскиот концерн САП (-ес-а-пе) во вториот квартал направи скок на добивката од 15 проценти, а производителот на автомобили „Дајмлер“ од Штутгарт, по големата загуба лани, во вториот квартал годинава забележа добивка од 1,3 милијарди евра. Добро расположение владее и кај потрошувачите - индексот на Друштвото за истражување на потрошувачката од Нирнберг, во јули покажуваше пораст, а се предвидува трендот да продолжи и во август. Кај многу семејства

Sparprogramm und rote Zahlen bei Daimler

„Дајмлер“ во вториот квартал годинава забележа добивка од 1,3 милијарди евра

јакне довербата поради добрата состојба на пазарот на работна сила. Сојузната агенција за вработување смета дека е можно наесен бројот на невработени да падне под три милиони.

Предупредувања за втората половина од годината

Но, има и предупредувачки гласови дека во втората половина од годинава работите нема да се одвиваат вака. Институтот ИВХ (и-ве-ха) од Хале очекува забавување на стопанскиот пораст кон крајот на годинава. Германскиот институт за економски истражувања од Берлин зборува за „минимална динамика“ во втората половина од 2010 поради намалената конјуктура во САД и забавувањето на порастот во Кина, што може силно да ги погоди германските извозници. Влијание имаат и програмите за штедење во сите земји на евро-зоната.

Михел Хајзе, главен економист на „Алијанц“-групата, сепак останува оптимист.

„Програмите за консолидација, усвоени од европските држави, не се толку остри и далекусежни, за да го загрозат конјуктурниот подем во наредните месеци и во целата 2010 година. Улога во тоа во голем дел има опаѓањето на вредноста на еврото, што со себе

Symbolbild Deutschland Wirtschaft Aufschwung

Германскиот институт за економски истражувања зборува за „минимална динамика“ во втората половина од 2010 поради намалената конјуктура во САД и забавувањето на порастот во Кина

носи и поттик за конјунктурата, и на подолг рок треба до 4 проценти да го зголеми извозот на земјите од зоната на еврото“.

Може да се здивне, но точка не може да се стави

Попретпазливите, како Ханс Вернер Зин, претседател на институтот Ифо од Минхен, велат: „Можеме да здивнеме, но уште не можеме да ставиме точка врз кризата“. Конјуктурата во странство може да го загрози извозот, пакетот на германската влада за штедење може да ја намали приватната потрошувачка, а грижи предизвикуваат и инвестициите на претпријатијата. Според институтот Ифо, тие годинава нема да пораснат ни за еден процент, оти капацитетите во многу претпријатија уште не се оптоварени, па нема ни потреба од набавка на нови машини. Меѓу претпазливите е и Михаел Гремлинг од Институтот на германското стопанство од Келн.

„Расположението во моментов е подобро од состојбата, која и натаму е под белег на недоволна искористеност на капацитетите поради кризата, но барем од страна на нарачките од странство по нешто се придвижува. Тоа во Германија ја јакне самоувереноста, особено кај индустриските претпријатија“.

Автор: Ролф Венкел / Зоран Јордановски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска