1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Колку е моќен ОПЕК?

Земјите на ОПЕК црпат околу 40 проценти од производството во светот и располагаат со околу три четвртини од нафтените резерви. Дали ОПЕК зборува со еден глас? Кои се неговите политички цели?

default

Во рацете на министрите за нафта на ОПЕК лежи огромна моќ

„Екселенции, чест ми е да ја отворам конференцијата....„.

Вака звучи кога се отвора седница на која се решава дали потрошувачите на бензиските пумпи ќе се лутат или не. Двапати годишно, 13 министри за нафта на ОПЕК се среќаваат во Виена. Иако таму не се застапени сите држави што имаат нафта, ОПЕК е и останува најмоќниот картел во светот. Опековиот директор за истражувања Хусеин Кабасард е секогаш присутен кога се решава за цените. Во моментов девизата гласи: славината нема да се отвора дополнително, значи цените остануваат високи. Кабасард верува дека пазарот е добро снабден и дека цените ќе се смират. И претседавачот на ОПЕК, алжирскиот министер за нафта Хакиб Кели тврди: „Решението е разумно. Има доволно нафта на пазарот, подеднакво како и во изминатите пет години. Дури сметаме дека побаравучката се намалува„.

Три четвртини од светските резерви се наоѓаат под пустинските држави на ОПЕК

Притоа не ретко, тие не се единствени за сите прашања. Политички се различни. Едни сакаат добри односи со Запад, како Саудиска Арабија. Други цената на нафтата ја сметаат за политичко оружје во битката против Запад, како Иран. Меѓутоа, бизнисот и парите ги држат заедно. Нивниот успех може да се прочита во високите цени на нафтата. И притоа, што можеби звучи парадоксално, земји како Иран или Венецуела повеќе зависат од заедничката моќ на ОПЕК, отколку Саудиска Арабија или Кувајт. Тие живеат добро не само од нафтата, туку и од нивните вложувања на капиталот во целиот свет. Врз моќта на ОПЕК не можат да влијаат ниту меѓународните берзи кои се повеќе влијаат врз цената на нафтата, но не можат да ја определуваат. Шпекулантите внесуваат немир на пазарот со нафта, но и тоа им помага на земјите од ОПЕК. Во нивните каси, поради високите цени, се влеваат поголеми приходи, а финансиксите шпекулации ја зголемуваат моќта на ОПЕК, зашто одговорноста за високите цени тие ја префрлуваат врз други. Оттаму, не е никакво чудо што ниту една земја од ОПЕК не е подготвена да го зголеми црпењето нафта за да го смири пазарот. Токму таквиот развој ги држи заедно.