1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Колку е Босна и Херцеговина држава?

Денеска се одбележува 25 ноември - Денот на државноста на БиХ. На тој ден во 1943 година, во Мркоњиќ Град било одржано првото заседание на Антифашистичкиот совет за народно ослободување (ЗАВНОБИХ).

Историчарите главно не го оспоруваат значењето на ЗАВНОБИХ, на кое, според нив, биле зацврстени темелите на државноста на модерна БиХ. Притоа истакнуваат дека трагите на државноста допираат и во далечното минато.

„Босна спаѓа во редот на оние европски земји кои своите корени ги влечат во 8. и 9. век“, вели за ДВ историчарот Енвер Имамовиќ. Тој потсетува на пишаните сведоштва за босанската државност, меѓу кои посебно значење има Повелбата на банот Кулин од 1189 година како „најстар босански државен документ“.

Bosnien und Herzegowina Jahresrückblick 2012

Алмир Терзиќ

„Босна со векови била освојувана, како од исток така и од запад, но таа секогаш имала сили, ако не да се спротивстави на моќните освојувачи како Османлиската или Австроунгарската империја, тогаш барем да изрази бунт или да се обиде да ја врати својата државност“, вели Имамовиќ. Што се однесува до ЗАВНОБИХ, историчарот смета дека тоа е еден од најзначајните датуми во современата историја на земјата. „Тогаш, меѓу другото, било заклучено дека БиХ е татковина на Србите, Хрватите и муслиманите и на другите кои живеат во неа“.

Оспорување одвнатре

Државноста на БиХ и натаму е предмет на оспорување и покрај тоа што земјата во меѓувреме има своја армија, стабилна валута, правосудство, единствен пазар, гранична служба и други државни институции. Оспорувањата главно доаѓаат од Република Српска чии претставници често оценуваат дека сите државни атрибути на БиХ се наметнати од меѓународната заедница.

„Некогаш оспорувањата на БиХ доаѓаа од соседството, а денес тие се најсилни во рамки на самата земја“, вели аналитичарот Алмир Терзиќ.

„Внатре во БиХ недостасува политичка волја за јакнење на нејзината државност, односно за зајакнување на нејзините институции. Половина од земјата слави еден празник, другата половина слави друг празник, а третиот дел има некој свој систем според кој празнува одредени настани. Тоа е највпечатлив показател за актуелната состојба во БиХ“, вели Терзиќ.

Не е сѐ во политиката

Претседателот на Република Српска Милорад Додик во пресрет на 25 ноември

Bosnien und Herzegowina Qualifikation Fußball-WM

Славје по пласманот на БиХ на СП во фудбал

им се обрати на претставниците на меѓународната заедница со барање да не учествуваат во одбележувањето на Денот на државноста, бидејќи на тој начин го кршат Дејтонскиот договор. Но, токму со Дејтонскиот договор, според толкувањето на претставникот на меѓународната заедница Валентин Инцко е одредено во БиХ да се слават три национални празници, 1. јануари, 1. мај и 25. ноември.

„За среќа, политиката не е единствената која влијае врз свеста на граѓаните и го обликува односот кон државата“, вели уредникот на спортската програмата на радио БиХ, Аднан Љубовиќ. Тој вели дека успехот на фудбалската репрезентација може да ги обедини граѓаните. „Таков беше случајот и во овие квалификации за Светското првенство во Бразил, кога нашата репрезентација ги собра симпатиите на целата јавност. Без оглед од каде доаѓаат луѓето, луѓето покажаа дека го сакаат спортот“, вели Љубовиќ.

Денот на Државноста, 25. ноември се одбележува само во еден дел од БиХ, во Федерацијата БиХ. Во Мркоњиќ Град, каде во 1943. е усвоена декларацијата на ЗАВНОБИХ денеска ќе се соберат антифашистите од сите ентитети. Во Република Српска како празник се слави 21. ноември, кога е потпишан Дејтонскиот договор.