1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Колку е блиску граѓанска војна во појасот Газа?

Палестинскиот премиер Исмаил Ханија не остава никаков сомнеж: за него е јасно дека припадници на ривалскиот Фатах се обиделе да го убијат. Ханија, кој го претставува исламистичкиот Хамас, до доцна синоќа остана на граничниот премин Рафах, меѓу Египет и појасот Газа, кога дојде до жестоки судири. Кога конечно можеше да мине, неговиот конвој се најде под дожд куршуми. Загина еден телохранител, а синот на Ханиј

Ханија вчера одвај извлече жива глава

Ханија вчера одвај извлече жива глава

а беше ранет.

Појасот Газа со овој инцидентот се доближи за уште еден чекор до отворена граѓанска војна. Вчера во Газа еден судија на Хамас беше убиен на улица, неколку дена пред тоа непознати ги убија синовите на еден од водачите на Фатах. Вооружените судири се одвиваат во ситуација на растечка нужда во која се најдоа палестинските подрачја, но пред се појасот Газа, од изборот на владата на Хамас. Бидејќи исламистичката партија ги одбива сите досегашни договори на ПЛО и Израел и во нејзиниот статут бара уништување на Израел, а од нејзиното доаѓање се прекинати сите разговори, Палестинците се ставени под притисок со различни санкции: Израел веќе не ги префрла даноците и царините за Палестинците, а светот, посебно САД и Европската унија, ја замрзнаа нивната помош за Палестинците се додека Хамас одбива да го признае Израел. Последица на тоа е порастот на невработеноста и сиромаштијата, службениците на владата со месеци не добиваат плати, меѓу нив наставниците, како и лекарите во јавните здравствени институции.

Хамас не е подготвен да се откаже од неговата радикална програма. А, Израел не е подготвен да преговара со Хамас се додека го оспорува правото на постоење на Израел. Поради тоа, се вмеша палестинскиот претседател Махмуд Абас од ПЛО кој се обиде да го убеди Хамас во потребата од влада на национално единство. Во таков кабинет, припадниците на ПЛО би можеле да ги одржат контактите со Израел, а самиот Абас да води преговори. Меѓутоа, тоа не се случи, туку се заостри меѓу-палестинскиот спор. Притоа, не станува збор само за функции, моќ и влијание, туку за идеологија и суштина. На ПЛО не му е лесно да биде турнат во политичко аутсајдерство од страна на Хамас, додека Хамас не е подготвен да се откаже од идеолошкиот баласт која пак не е сооодветен за новата улога како владина партија. Секогаш кога се чинеше дека раководството на Хамас попушта, беше предупредуван од Дамаск: таму престојува шефот на Хамас во егзил Калед Машал кој воопшто не е подготвен да попушти. Неговата максима: Хамас би можел да се согласи со десетгодишно примирје со Израел, но не повеќе.

Бидејќи маките на Палестинците секојдневно се зголемуваат, Ханија реши да замине на турнеја што го водеше и во Техеран и Картум. Притоа, не можеше да се види смирување на неговите позиции. Мнногу повеќе, тој во Техеран најави дека никогаш нема да го признае Израел, на задоволство на домаќините кои му ветија 250 милиони долари финансиска помош за исплата на платите. Меѓутоа, во некои арапски земји Ханија не беше добредојден: или го пречекуваа незначјани политичари, или веднаш му беше соопштувано дека неговата посета не е пожелна. Затоа реши да ја скрати турнејата и да се врати во Газа. Во багажникот носеше 35 милиони долари како итна помош, главно од Иран.

Настаните од Рафах се досега најтешката ескалација на меѓу-палестинскиот конфилкт и секако дополнително ќе ја затрујат атмосферата. На тој начин решението е уште повеќе оддалечено, а ситуацијата на Палестинците натаму ќе се влоши: парите со кои Ханија дојде на границата, засега мораше да ги остави во Египет.