Колку е безбедно пакистанското атомско оружје? | Свет | DW | 19.11.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Колку е безбедно пакистанското атомско оружје?

Поради внатрешно политичката криза во Пакистан расте загриженоста во САД и другите западни земји, дека пакистанското атомско оружје во хаотични услови може да заврши во погрешни раце. Во најлош случај кај Ал Каеда.

default

Антивладини демонстрации во Исламабад

Во САД веќе на големо се дикутира за безбедноста на пакистанското атомско оружје. Анвар Икбал, пакистански новинар во Вашингтон за расположението во американската администрација вели:

„Луѓето во администрацијата во меѓувреме со страв дојдоа до заклучокот дека нешто мора да се стори. Тие укажуваат дека пакистанските војници во Вазиристан без борба им се предадоа на Талибанците. Тоа значи дека не постои лојалност кон армијата. Тие велат: Кои се гаранциите дека некој одеднаш не би можел да дојде до ова оружје и да го употреби“

Американските медиуми, деновиве сепак укажуваат на тоа дека пакистанското оружје од безбедносни причини не се наоѓа на едно место туку е разделено на повеќе компоненти и места, за да не се дојде во ситуација некој да го употреби.

Test der pakistanischen Mittelstreckenrakete HATF-IV

Тест на атомска ракета во Пакистан

Германскиот политолог Кристијан Вагнер од Фондацијата за наука и политика во Берлин вели:

„Во секој случај САД во последниве години преземаа низа заеднички тренинзи и програми за обука со Пакистан за да се подобри безбедноста на нуклеарното оружје“.

Кан ја продаде нуклеарната технологија во Иран и Северна Кореја

Но, главна причина за загриженоста на Западот е историјатот на пакистанската атомска програма. Имено “таткото“ на пакистанската атомска бомба, Абудл Кадир Кан очигледно преку меѓународна мрежа им ја продал нуклеарната технологија на Либија, па на Иран и Северна Кореја. Тој во меѓувреме се наоѓа во куќен притвор во Исламабад. Кристијан Вагнер за ова вели:

„Приказната дека оваа мрежа можела да функционира независно од контролата на војската е тешко замислива. Значи ако овде имало одобрение од армијата или на некој нејзин дел тогаш е возможно, но секако од комерцијални причини. Сметам дека независно од аналогните заклучоци слично може да се размислува и кога станува збор за заштита на нуклеарното оружје од исламистите.“

Ќе издржи ли Мушараф на власт?

Вагнер смета дека пакистанските генерали се помалку мотивирани од идеолошки, а многу повеќе од конкретни интереси.

„Не смее да се потцени фактот дека пакистанската армија многу профитира од соработката со САД. Има информации според кои Вашингтон месечно им дава по сто милиони долари за борбата против тероризмот. Армијата во последниве години зазема значјано стопанско место во земјата. Сметам дека материјалните интереси за офицерите може да бидат решавачки за продолжување на соработката со САД, но тоа долгорочно може да се одрази против Мушараф“.

PAkistan Pervez Musharraf PK

Претседателот Первез Мушараф

Прашање е само кога ќе се достигне оваа точка. Бившиот генерал Моинудин Хајдер укажува на тоа дека војската во Пакистан до сега делувала само за смена на цивилни власти. Од друга страна, исто така не може да си дозволи толку долго да поддржува непопуларен претседател.

„Во Пакистан се се одвива според две шеми: се додека народот е задоволен со владата, се е в ред. Ако има се повеќе проблеми, ако властодржецот е непопуларен, ако е тешко да се одржи стопанството, тогаш ни војската не може да ја поддржува таквата ситуација.“

Најверојатното сценарио е Мушараф да се повлече и друг висок генерал да ја преземе власта во еден преоден период. Такво решение би можело да биде поволно и за САД, доколку при тоа се гарантира дека не постои опасност за пакистанското нуклеарно оржје.