1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Колку демократија има во Парламентот?

Во рамките на Светскиот ден на демократијата, македонското Собрание денеска (15.09.2008) ги отвори вратите за граѓаните. Експертите пак имаат забелешки за работата на Парламентот како политички контролор на владата

default

Дали е парламентот контролор на владата или обратно?

Парламентот денеска ги отвора вратите за граѓаните кои сакаат да се запознаат со неговата внатрешност.

Ова е во рамките на 15 септември, Меѓународниот ден на демократијата, кого го прогласи Генералното собрание на Обединетите Нации минатата година.

Експертите во Македонија пак имаат многу забелешки на работата на Собранието. Тоа ниту е политички контролор на владата, ниту пак експресното носење на законите е знак за демократското соочување меѓу власта и опозицијата, сметаат повеќе научни и политички работници.