1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Колкава моќ за националните парламенти во европските одлуки?

Ако националните парламенти ги блокираат своите влади во преговорите, Европа поради тоа би можела да се распадне. Со ова предупредувањем италијанскиот премиер Монти предизвика револт во Германија. Со право или не?

Во интервју за германскиот политички неделник „Шпигел“ , италијанскиот премиер Марио Монти изјави дека пред последниот самит на ЕУ на крајот на јуни добил налог од парламентот во Рим да се заложи за воведување на еврообврзниците. „Ако целосно механички се придржував до налозите од мјоот парламент нема да можев да се согласам со заклучоците на последниот самит во Брисел“, истакна Монти.

И додека Монти имал налог да се заложи за воведување на еврообврзниците, германската канцеларка Ангела Меркел од нејзиниот парламент доби да не го дозволи тоа во никој случај. Ако и двајцата се придржуваа кон тоа, самитот за спас на еврото ќе пропаднеше. Никој не може сериозно да го оспори тоа. Сепак во Берлин кај сите политички партии владее гласно негодување околу заклучокот на Монти даден во интервјуто за „Шпигел“: „Ако владите целосно се обврзат на одлуките на нивните парламенти, без да задржат сопствен простор за дејствување , распаѓањето на Европа би било поверојатно од потесната интеграција“.

Можеби изјавата дојде по нормализацијата на пулсот во Германија во стручната дебата околу Европа и парламентаризмот. Италијанскиот премиер и поранешен еврокомесар укажа на една болна точка, и тоа не без причина во разговорот со еден германски медиум. Германскиот уставен суд со неговата најнова одлука и наметна на владата поголема парламентарна контрола. Судиите во Карлсруе во моментов подготвуваат уште една пресуда во врска со постојаниот европски спасувачки фонд ЕСМ и планираат да ја соопштат на 12. септември. Не може да се исклучи можноста дека со неа парламентарната контрола ќе биде засилена.

Пресудата на Уставниот суд во суштина се заснова на неприкосновениот авторитет на парламентот при усвојувањето на буџетот. Тој би бил поткопан, ако владата на европско рамниште би дала далекусежни финансиски ветувања, кои повеќе не би можеле да бидат повлечени од страна на парламентот.

„Буџетскиот авторитет“ на парламентот важи насекаде

monti portrait

Италијанскиот премиер Марио Монти

Иако овој „буџетски авторитет“ не се означува насекаде како „кралско право на парламентот“ , како што е случај во германскиот говорен простор, но од почетоците на парламентаризмот во Англија одлуката најнапред за приходите а потоа и за издатоците на државата беше главно средство за да се ограничи моќта на кралот. Во модерните европски демократии компетенциите на парламентот додуша се поинаку определени, во францускиот претседателски систем малку поинаку отколку во скандинавските демократии, но сепак насекаде во буџетските прашања парламентот игра одлучувачка улога.

Во Германија , највисокиот суд ова право во последно време го прецизираше до степен , кој и тука досега не беше познат. За германската канцеларка Ангела Меркел тоа може во европските преговори за финансиската криза да биде од предност, бидејќи определени предлози може веднаш да ги тргне од преговарачката маса бидејќи за тоа нема овластување од парламентот. Меѓутоа и таа би морала да има интерес во тоа , парламентот да не и го одземе целиот простор за дејствување.

Токму на тоа целеше Монти во неговата изјава во споменатото интервју, од кое насекаде беше цитирана само втората реченица која беше револтирано отфрлена. Таа гласеше: Нормално, секоја влада мора да се насочува според одлуките на парламентот. Но секоја владата има и обврска да го подучува парламентот“ , односно да го доведе до тоа да формулира реалистични налози, сакаше да каже Монти.

Нема да изненади како реакција на зајакнатата улога на германскиот Бундестаг сега и други национални парламенти истотака да побараат посилна улога во одлучувањето за европските прашања. Развој во ваква насока веќе има и Монти алудира на тоа кога зборува за земји „северно од Германија“ кои „секојпат кога во Советот на ЕУ ќе се постигне консензус, ден-два подоцна говорат нешта со кои овој консензус повторно се доведува во прашање’.

Интеграција или ренационализација

Karlsruhe verhandelt ueber Eilantraege gegen Beteiligung bei Euro-Rettung Baden-Wuerttemberg/ Die Richter des Zweiten Senats des Bundesverfassungsgerichts, Sibylle Kessal-Wulf (v.l.), Monika Hermanns, Michael Gerhardt, Peter Huber, Gerichtspraesident Andreas Vosskuhle, Gertrude Luebbe-Wolff, Herbert Landau und Peter Mueller stehen am Dienstag (10.07.12) im Bundesverfassungsgericht in Karlsruhe zum Verhandlungsbeginn ueber mehrere Eilantraege gegen die am 29. Juni vom Bundestag beschlossenen Zustimmungsgesetze zum dauerhaften Euro-Rettungsschirm (ESM) und zum Fiskalpakt, der den Euro-Staaten mehr Haushaltsdisziplin auferlegt. Nach dem Willen der Klaeger soll das Verfassungsgericht dem Bundespraesidenten vorerst untersagen, diese Gesetze zu unterzeichnen. (zu dapd Text) Foto: Ronald Wittek/dapd

Судиите на Сојузниот уставен суд на Германија

27 парламенти во Европа, секој за себе, без да биде во контакт со другите, од сопствена национална перспектива одлучува за европските прашања , тоа тешко може да се замисли како ефикасен систем за надминување на кризата. Напорите за продлабочена политичка интеграција на ЕУ кои веќе ги поттикнаа премиерите на членките на ЕУ , стануваат уште поитни со оглед на растечката самодоверна на националните парламенти, ако се сака да не се западне на спротивниот пар на ренационализација на Европа. За една таква политичка интеграција сосема логично е потребен еден самостоен европски буџетски суверенитет, за кој тогаш е неопходна и парламентарна контрола на европско ниво. Експертите и водечките политичари интензивно размислуваат за тоа веќе подолго време. На тоа упатува меѓу другото и изјавата на германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле од пред неколку недели. Тој истакна дека може порано од очекуваното да се дојде до точка до која Германците би морале да гласаат за нов устав, кој би дозволил едно такво пренесување на надлежностите на европско ниво. Во иста насока беше и последната изјава на лидерот на опозициските Социјалдемократи, Зигмар Габриел.

Одлуката на Сојузниот уставен суд за ЕСМ на 12 септември би можела да даде индиција за тоа колку далеку Германија е оддалечена од една таква точка. Можно е по овој датум во Европа нешто навистина да се одвива многу бргу.