1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Колкава е навистина радијацијата во Фукушима 1?

Вредностите на радиокативност на водата измерени во хаварисаната нуклеарка Фукушима 1 се повторно неточни. Јапонските власти соопшти дека измерените вредности од страна на фирмата Тепко се делумно погрешни.

default

Еден од хаварисаните реактори во Фукушима 1

Компанијата која управува со атомската централа Фукушима Даичи, Тепко, соопшти дека во водата под централата е констатирано присуство на радиоактивен јод во количество 10.000 пати повисоко од нормалното. Јапонските нуклеарни власти меѓутоа денеска соопштија дека измерените вредности се делумно неточни.

Ова не е првпат Тепко да измери погрешно. Од катастрофалниот земјотрес и хаваријата на атомската централа Фукушима 1, фирмата која управува со централата постојано е предмет на критика поради својата политика на информирање.

Japan Fukushima Stromversorgung Arbeiter 18. März

Техничари од Тепко поставуваат кабли за напојување на реакторите со електрична енергија

Портпаролот на јапонската влада Јукио Едано денеска не исклучи можност од подржавување на Тепко.

Премиерот Кан во погодените подрачја

На руините на Фукушима 1 работниците денеска повторно се обидуваат повторно да ги обложат урнатините со вештачка смола, која би требало да спречи ширење на радиоактивната прашина. Вчера обложувањето беше прекинато поради дожд.

Јапонскиот премиер Наото Кан, во меѓувреме, ја најави својата прва посета во кризниот регион по катастрофата од 11 март. Тој утре (02.04) ќе ги посети уништениот град Рикузентаката и префектурата Фукушима, каде е хаварисаната централа, но најверојатно нема да ја обиколи и централата, јави агенцијата Кјодо.

Bundesaussenminister Guido Westerwelle Libyen

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле

Вестервеле во Јапонија

Во Јапонија утре ќе отпатува и шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле. Со посетата на Токио Вестервеле има намера да ја истакне солидарноста на Германија со јапонскиот народ.

По разурнувачкиот земјотрес и цунамито, досега официјално се избројани 11.600 загинати. Како исчезнати се‘ уште се водат околу 16.500 луѓе.

Автор:ЕМФ/СН/дпа

Редактор: Симе Недевски

DW.COM