1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Колекционер на авиони

Курт Ламес собира воени авиони од германската воена авијација. Најновиот авион во колекцијата на претприемачот од Ајфел е еден Торнадо. Авионот бил употребуван во мисијата во Авганистан.

Aвиони од типот Торнадо развиваат брзина до 2.300 километри на час. Тие се наменети пред се‘ за набљудување на воените региони. Се‘ додека не бидат „пензионирани“. Тогаш можат да бидат купени и од цивили, се разбира без оружје и електроника.

Како што е Торнадото кој сега е во Ајфел. Негов сопственик е претприемачот Курт Ламес. Торнадото го купил за многу пари на аукција. Колку дал останува негова тајна. Тој сакал да биде воен пилот во Бундесверот, но имал проблеми со здравјето. Затоа сега собира авиони.

„Постојано сум зафатен, морам да обезбедам работа за моите вработени и ова е добредојдена релаксација. Со авионот се занимавам навечер или во викенд. Мора да се биде малку луд по ова, зашто инаку нема да се има доволно елан“, вели Ламес.

Во летање се разбира. Како хоби пилот управувал со различни авиони - од олдтајмер до џет.

Deutschland 60 Jahre Kapitel 6 1999 – 2009 Kosovo Krieg Tornado Jagdbomber

Торнадо: без електроника и оружје може да го поседуваат и цивили

„Кога се лета со воен џет и притоа се презема улогата на пилот, тоа е најуникатното нешто што еден човек кој е одушевен од летање може да го доживее.“

Торнадото е веќе трет воен џет коj е паркиран на неговиот плац. Потрошил многу часови за да го доведе во форма. Неговата сопруга Ангелика Ламес смета дека хобито му е чудно: „Пред 10 години не мислев дека овде ќе имаме три авиони. Си мислев еден е доволно, но...“

Треба да ги има уште повеќе. Наjдобро би било кога би се купил воен хеликоптер кој го отслужил своето во армијата. Курт Ламес редовно ги гледа понудите на Бундесверот и сигурно ќе се вклучи во некоја од следните аукции.