1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Колективна оставка на функционерите од ДПА

Министрите,заменици министри и избраните функционери од вториот и третиот ешалон на власта од ДПА на лидерот Тачи му понудиле оставка заради влошениот рејтинг на партијата според последната анкета

default

На потег е претседателот на ДПА,Мендух Тачи

Дисциплинирање на партијата или порака до коалициските партнери во владата.ДПА најави дека денеска ќе открие која е вистинската причина за последниот потег на функционерите од партијата,кои на лидерот Мендух Тачи му понудиле колективна оставка.

Се очекува денес Тачи и Претседателството да соопштат како натаму ќе се развиваат работите.