1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Колбо не добил информации за нова политичка партија во Македонија

Десетина дена пред локалните избори, сликата за РМ е измешана! Власта вели едно, опозицијата друго. Валтер Колбо (СПД), прв човек на Германско-македонското друштво, за ДВ зборува за конфузната македонска реалност.

„По минатонеделната посета на Скопје, моите впечатоци се целосно измешани. Луѓето од Владата велат едно, останатите сосема друго! Владата смета дека е на добар пат и дека задачите за евро-аталантските интеграции одат нанапред, дека животот меѓу етникумите е добро организиран и дека се чекори кон целта: подобрување на економската и социјалната ситуација. Наспроти ова, невработеноста од 30 проценти и големата задолженост говори сосема друго, особено ако се има предвид што се’ се случуваше на и по 24 декември 2012, така што оправдани се и сомневањата на дел од Македонците кои не веруваат дека Владата навистина работи на вклучувањето на земјата во ЕУ и НАТО. И уште нешто - Скопје 2014. Не мора мене да ми се допаѓа проектот или не, се’ е прашање на вкус, но кога во услови на критична социјална и економска ситуација за споменици се даваат 600 милиони евра, сметам дека во најмала рака е политички непромислено и неодоговорно“, изјави за ДВ Валтер Колбо,

Archäologisches Museum in Skopje

Политички е неодговорно да се вложат 600 милиони евра за Скопје 2014, смета Валтер Колбо

социјалдемократ и претседател на Германско-македонското друштво од Берлин, кој минатата седмица престојуваше во Скопје.

Предвремените избори – веројатност!

Покрај официјалните разговори кои ги имал со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, со претставници на опозицијата (Бранко Црвенковски и Радмила Шекеринска) и со луѓе од бизнисот (Срѓан Керим), Колбо вели дека вистинската слика за ситуацијата му ја доловиле неформалните дружења и разговори со младите кои некогаш биле дел од парламентарните практики во Бундестагот, студентите на Американскиот колеџ и учесниците во дискусијата за европската иднина на Македонија. Младите, според Колбо, се прилично скептични, а ваквата недоверба кон иднината Колбо ја чул и од Шекеринска и Црвенковски, кои во разговорот се осврнале врз неодамнешната политичка криза во Македонија, која се разреши благодарение на интервенцијата од Брисел.

„Под мотото ’Teake it or leave it’ (земи или остави, н.з.), премиерот Груевски повторно успеал водата да ја донесе на својата воденица, па отворени, без определување на конкретни термини, останале пасажите од Предлогот што во Скопје го донесле Филе, Хауит и Бузек, а кои се однесуваат на терминот за предвремени парламентарни избори. Наводно, како што ми е кажано, во првичниот предлог стоело предвремените избори да се одржат меѓу јуни 2013 и јуни 2014! Сега е - како е, но и без оваа временска одредница, сметам дека предвремени избори ќе бидат неопходни“, оценува Колбо.

Неоходно консолидирање на СДСМ

На прашањето - дали во разговорот со Црвенковски добил некакво навестување дека за социјалдемократите ќе биде подобро доколку тој замине од партиското кормило, Колбо одговара:

„Во повеќето разговори слушнав дека можеби во мај Црвенковски и ќе се

Mazedonischer President Branko Crvenkovski und Premierminister Nikola Gruevski Treffen in Skopje

Груевски контра Црвенковски или обратно - македонско секојдневие

повлече, но тоа не го чув од негова уста. Мој впечаток е дека Црвенковски е прилично исцрпен од сето што се случуваше и дека сигурно чувствува дека неговото време е минато. Инаку, не е тајна дека тој е трн во очите на премиерот Груевски, дека тој е оној лошиот и дежурниот виновник за се’, но не верувам дека тој самиот има лично сила работите да ги смени. Социјалдемократите некаде по локалните избори, ќе мора да се консолидираат“, коментира Валтер Колбо.

За формирање нова партија која би била опција за незадоволните од власта и опозицијата, Колбо кажува дека од разговорите (формални и неформални) не добил никакви поконкретни информации. Токму и затоа неговиот политички инстинкт му говори дека лансираната идеја во времето на политичката криза била пробен балон, блеф, а не некоја реална опција. Колбо, меѓутоа, за вистинска реална опција го смета ангажманот на младите луѓе кои се новата сила која допрва во Македонија ќе го има своето време.

„Морам да кажам дека малку бев изненаден што младите луѓе кои во минатото повеќе месеци биле стипендисти и работеле во бироата на парламентарците од Бундестагот, и кои стекнатото искуство требаше да го пренесат во македонската средина, главно сега се вработени во невладини организации, различни фондации и слично, но не и во јавната македонска администрација. Многумина од нив се членови на Германско-македонското друштво во Скопје и се расположени за нов ангажман. Значи, очекувам соработката меѓу Македонија и Германија уште повеќе да се продлабочи со нивниот елан, но и со искуството на ветераните и пензионерите од Друштвото од Берлин“, шеговито за ДВ дополнува Валтер Колбом, прв човек на Германско-македонското друштво.