1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Кои ќе бидат противниците на македонските кошаркари?

Македонската кошаркарска репрезентација, по извлекувањето закажано за вечерва од 22 часот и 30 минути (по македонско време), во Каракас (Венецуела) ќе ги дознае противниците од групната фаза во олимписките квалификации.

default

Дванаесетте репрезентации кои обезбедија учество на  квалификацискиот турнир за пласман на ЛОИ во Лондон се поделени во три групи. Носители се европските репрезентации: Македонија, Грција, Русија и Литванија. Во вториот „шешир“ се: Доминиканска Република, Порторико, Венецуела и Нов Зеланд.
Можен противник на Македонија е и една селекција од третиот шешир: Ангола, Нигерија, Јордан и Кореја.

Од четирите групи кои ќе бидат составени со по три репрезентации, двете првопласирани одат во четвртфинале, победниците во полуфинале. Двата финалисти и победникот за третото место на квалификацискиот турнир кој од 2 до 8 јули 2012-та  година ќе се одржи во Венецуела, ќе обезбедат учество на Олимпијадата во Лондон.

Автор:СН/БГ/миа

Редактор: Е. М. Фиданоска