1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кои се целите на „Самоопределување“ на Косово?

Повеќе од 50 повредени и 150 уласени е билансот од судирите меѓу приврзаниците на „Самоопределување“ и полицијата на Косово на викендот. Кои се целите на ова движење, кое во меѓувреме е активно како политичка партија?

default

Протести кај Подуево (14.01)

Во најголемата акција на косовската полиција од незавизноста на Косово пред две години полицијата изминатиот викенд употреби солзавец, водени топови и гумени палки против приврзаниците на третата по големина парламентарна партија „Самоопределување“. Целта на нивните протести беше да блокираат два гранични премини со Србија за да сопрат увоз на српска стока на Косово. Акцијата на ова движење имаше и други цели, вели политичкиот аналитичар од Косово Халил Матоши: „Примарна цел беше да се изврши притисок врз владата, не само во однос на стоката од Србија, туку и како протест против корупцијата, лошото стопанисување и организираниот криминал во Косово“.

Ausschreitungen im Kosovo Podujevo

Судири на приврзаниците на „Самоопределување“ со косовската полиција (14.01)

„Самоопределување“ во декември минатата година во парламентот се избори за резолуција, со која се бара обострана непречена трговија меѓу двата соседа. Демонстрантите со својата акција сакаа да укажат дека Србија како и досега ја попречува трговијата со стока од Косово. Матоши меѓутоа подвлекува дека на Косово има многу други причини за антивладини протести. „Владата целосно се деградираше преку корупцијата, преку учество во организиран криминал или преку соработка на политиката со организираниот криминал како и преку лично збогатување и злоупотраба на јавни пари. Тоа се едни од причините зашто движењето ’Самоопределување’ во последно време добива уште поголема поддршка од луѓето на Косово“.

Голема поддршка!

Движењето „Самоопределување“ е особено омилено кај „Фејсбук генерацијата“ но и кај повеќе од 40 проценти од невработените во земјата и кај националистите. Со популистички флоскули се обидуваат од лошата економска состојба да извлечат сопствена корист. Една од темите која често се користи кога се критикува владата е фактот дека досега само 86 земји го признале Косово. Едни од најважните цели на оваа партија се поголемо присуство на Косово во меѓународни рамки како и национално обединување на сите Албанци.

Според последните истражувања на институтот Галуп ваква желба изнеле повеќе од 80 проценти од Албанците на Косово, 70 проценти Албанци од Македонија и 55 насто граѓани на Албанија. „Влијанието на ’Самоопределување’ би било уште поголемо ако би се откажеле од големите пораки како повик за ’национално единство’ или за ’промена на националните симболи на Косово’. Косоварите многу повеќе се заинтересирани за социјална праведност, борба против корупцијата и правна држава. Движењето ’Самоопределување’ се обидува да профитира од историската желба на Албанците. Тоа сепак беше идеја на минатото столетие“.

Постои убедување дека дијалогот со Србија може да вроди плод

Ausschreitungen im Kosovo Podujevo

Водачот на „Самоопределување“ Албин Курти пред кордон полиција

Учеството во блокадата минатиот викенд на крајот беше многу пониско од очекуваното. Од Албанија и Македонија дојдоа само неколку автобуси. За тоа придонесоа неколку фактори: повикот против блокада од сите политички институции на Косово, Албанија и Македонија, лошото време како и убедувањето дека дијалогот меѓу Србија и Косово сепак би можел да доведе до посакуваното решение. Движењето „Самоопределување“ сепак најави нови протести за 22-ри јануари.

Владата во Белград во меѓувреме предупреди дека овие протести би можеле да претставуваат само вежба за евентуални акции против Србите во Косово. Аналитичарот Матоши напротив смета: „Не, апсолутно не верувам дека овие протести би можеле да бидат насочени против Србите. Тоа не може да се случи, затоа што движењето ’Самоопределување’ Србите ги гледа како рамноправни граѓани на Косово. Акциите на ’Самоопределување’ се насочени против дијалог со Србија и против непријателството на Белград кон Косово. Но, тоа не е ориенирано против Србите на Косово.“

Автор: Бахри Цани/ Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска