1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Кои се фаворитите на Еуро 2012?

Кој спаѓа во фаворитите на Европското фудбалско првенство? Германија како третопласирана на последното Светско првенство - секако, но и Холандија, исто така. Се разбира и Шпанија, актуелниот светски и европски првак.

Дали на крајот ќе триумфира аутсајдер или фаворит? Шпанија е навистина „жежок“ кандидат. Тимот на тренерот Винсенте дел Боске може да постигне историски успех, по ЕП пред четири и Светското пред две години, да го освои последователно третиот голем турнир.

„Ние сме светски прваци и носиме големо бреме, но мислам дека немаме обврска задолжително да ја освоиме титулата“, вели Винсенте дел Боске.

Јака страна на шпанската екипа е нивната игра на комбинации. Печат и‘ даваат играчите од средниот ред како Чави и Ињеста. Шпанија има проблеми со одбраната, не само поради отсуството на искусниот Пауол.

Холанѓаните играт во иста група со Германија. Вице-светскиот првак спаѓа во фаворитите на ова првенство, има топ-напад, со Робин ван Парси на истурена позиција. Асот од средниот ред Весли Снајдер е задолжен за перфектни додавања.

Германија во 2010-та година на Светското првенство беше трета, сега пак би сакала титула. Последен пат ја освои на ЕП во 1996-та. Двоен стрелец во финалето тогаш -сегашниот менаџер на тимот, Оливер Биерхоф. Младата екипа на турнирот настапува со верба и самодоверба.