1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Кои се најстарите и најпознати македонски семејства?

Сочуван пергамент од пред еден милениум, потврдува дека наследното стебло на едно семејство во Ресен досега до свитата на цар Самоил. Музејот на Македонија ги истражува најафирмираните лози.

default

Се истражува документација за сторијата на цели градови и семејства

Архиви, музеи, албуми, автобиографии, тапии, скици со стебла на имиња и роднински врски - сите тие се извор за истражување за стотината најголеми и најпознати македонски семејства. Кои се, каде живееле, како се формирале, што работеле, каде се движеле и од кога има податоци за најафирмираните лози, одговара Виолета Ѓорѓеска од Музеј на Македонија.

„Ги испитувавме податоците за значајните луѓе кои го карактеризираат секое семејно стебло, длабоките корени низ кои се разграниле, навиките и традициите што се продолжувале од колено на колено. Тоа се пред се’ градски семејства, низ чии лични архиви добивавме информации како го создавале богатството, за што го трошеле, какви занимања одбирале и како се адаптирале низ вековите на разните властодршци“. Собрана е документација што дава подлога за историска, економска, образовна и културолошка сторија за одделни градови и цели региони.

Белези на минатото од важност за иднината

Идејата за истражување на семејните стебла на македонските простори овозможи и нивна јавна промоција преку фотографии и скици за роднинската поврзаност, но уште повеќе за одржливоста на поколенијата од иста крв.

„Во некои семејни стебла одевме и по машка и по мајчината страна, како тие се помешале и се вкрстувале во бракови, каде учеле и се движеле, што оставиле во своите архиви. Тоа е драгоцен податок за историјата на градот или за цела Македонија“, вели Ѓорѓеска.

Интересна е судбината на 150 членови од семејството Коку од Јанина, кое бегајќи од поробувачите, се населиле во Србија. „Судбината и прогоните ги терале и често да ги менуваат презимињата, со различни додавки – „иќ“, „ов“, „ски“. Дојдовме до податок дека целиот пород на влашкото семејство Коку, кога се доселиле од Грција во Србија, се прекрстил во Поповиќ. Тоа го правеле за да се обезбеди мирот и сигурноста на членовите, нивната привидна инеграција, се’ со цел да се сочува богатството и да се управува со него“, вели Виолета Ѓорѓоска, еден од авторите на овој интересен проект за роднокрајската историја и испреплетеноста на настани и личности.

Zar Samuil Bulgarien

Родословот на едно семејство стигнува до времето на Цар Самoил

Трагата до царот Самоил

Ѓорѓоска многу внимателно говори за документот, со кој едно ресенско семејство докажува дека роднинските корени допираат до кланот на цар Самоил, чиј бел споменик неодамна е поставен на скопскиот плоштад.

„На нашиот тим му е покажан документ испишан на пергамент, со кој се потврдува дека тоа семејно стебло има корени со милениум наназад, во луѓе од најблиската свита на цар Самоил. Домаќинките од бројните генерации биле задожени да го чуваат во своите фути, по секоја цена“.

Засилен интерес за корените

Mazedonien Land und Leute Studenten in Skopje

Кај младите постои засилен интерес за семејните корени

Повеќе јавни личности, меѓу кои и се’ поголем број од помладите генерации, се обидуваат преку компјутерска анимација да си ги регистрираат семејните стебла, кои подеднакво гранат по таткова, како и по мајчина страна. „Добивме информации што создале, дали го продолжиле семејниот бизнис или каде и како се образувале. Главно тоа го правеле во европските метрополи и по правило најмалку еден член од семејството бил издвоен за студирање на некоја угледна професија, од лекари, до правници и учители. Некои од побогатите лози издвојувале парични средства во време на Отоманското царство за да го искупат правото на отворање на училишта на мајчиниот јазик или за изградба на православни храмови“, вели Виолета Ѓорѓеска од Музејот на Македонија.

На ланската изложба беа прикажани 39 лози од познати презимиња и со различен етнички состав, од Македонци, Власи, до Срби и Турци. Речиси и нема град во Македонија што не си ги знае таканаречените угледни семејства и нивните наследници. На пример, во Охрид тоа се Робеви, Шапкареви, Груеви, во Битола- Кампаре, Хаџилега, во крушевско-Дика, Букле, во дебарско-Крлиу, штипско- Чепреганови, Влашки, Балабанјан, велешко-Киркови, Хаџимишеви, Органџиеви, галичките семејства на Зографски, Фрчкоски, Филиповци, скопските-Рубин, Аницин, Настеви, Османли, Милачиќ, Ераковиќ...

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Жана Ацеска