1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Кои се најплатените фудбалски тренери?

Според истражувањето на „Futеbolfinance.com“, Жозе Мурињо во овој момент е најплатениот фудбалски тренер на светот. Стратегот на Реал Мадрид годишно заработува 10 милиони евра.

default

Жозе Мурињо добива најмногу во џебот

Второто место на оваа листа го делат Пеп Гвардиола, тренер на Барселона и новиот предводник на рускиот Анжи, Гус Хидинк, кои годишно добиваат по 7,5 милиони евра. Топ 5 листата на најплатените светски тренери ја затвораат менаџерот на Манчестер сити, Роберто Манчини, кој има годишна плата од 6 милиони евра и новиот тренер на Пари Сен Жермен, Карло Анчелоти, чија годишна плата изнесува 5,9 милиони евра. Шести на оваа листа е Јуп Хајнкес, кој за својата работа во Баерн Минхен заработува 5 милиони евра.

Дека тренерите се најдобро платени во Премиер лигата на Англија, потврдува и податокот, дека меѓу најплатените десет на светот, половина работат на Островот. Од 7. до 10. место се сер Алекс Фергусон, Манчестер јунајтед (4,8 мил. евра), Кени Далглиш, Ливерпул (4,8 мил. евра), Арсен Венгер, Арсенал (4,7 мил. евра) и Хари Реднап, Тотенхем (4,7 мил.евра). Финансиската моќ на Премиер лигата дополнително ја потврдува податокот дека меѓу најплатените 15 тренери во светот на фудбалот се и менаџерите на Евертон (Дејвид Мојс), на Квинс парк ренџерс (Марк Хјуз) и на Сандерленд (Мартин О‘ Нил).

Кога станува збор за селекторите, најголема плата на годишно ниво заработува Отмар Хицфилд, кому Швајцарците му плаќаат 2,6 милиони евра. Селекторот на актуелниот светски првак Шпанија Винсенте дел Боске заработува 2,1 милион евра годишно.

Автор: ЕМФ/ЖА/макфакс

Редактор: Ж. Ацеска