1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Кои се најбогатите Германци?

Стоте најбогати Германци имаат имот од 336,6 милијарди евра, односно 5% повеќе од минатата година. Нивното богатство е дури поголемо од времето пред да избие економската криза во 2008 година. Кои се најбогатите?

Сопствениците на синџирите дисконти Алди и Лидл, според „Менаџер Магазин“, се најбогатите Германци. Семејството на 93-годишниот Карл Албрехт (Алди југ) со богатство од 17,8 милијарди евра е на прво место на годишната ранг листа на списанието, а потоа следат наследниците на неговиот брат Тео (Алди север), кој почина во 2010 година, со богатство од 16 милијарди евра. На трето место е Дитер Шварц, сопственикот на конкурентскиот синџир дисконти - Лидл.

Имотот на стоте најбогати Германци се проценува на 336,6 милијарди евра. Тоа значи дека тие се уште побогати од времето пред избивањето на кризата во 2008 година, кога нивното богатство изнесувало 324,6 милијарди евра. Должничката криза значи не оставила последици по милијардерите.

Symbolbild Aldi Lidl Discounter Plastiktüte

Најбогати се „Алдијеви“ и „Господин Лидл“

На листата, покрај „Алдијеви“ и „Господин Лидл“ има уште двајца Германци чие богатство се мери во милијарди евра. Имено, богатство од речиси 12 милијарди има речиси непознатото семејство Рајман. Тоа е главен сопственик на британскиот концерн Рекит Бенкизер, кој произведува продукти како Колгејт, Клерасил и Кукидент.

Поделеното богатство на семејството C&A

Списанието „Менаџер магазин“ проценува дека богатството на Сузане Клатен, наследничка на индустријалецот Херберт Квант, која има удел во БМВ и во хемискиот концерн Алтана, изнесува околу 10 милијарди евра. Нејзиниот брат Штефан Квант има богатство од 7,2 милијарди евра, а мајка и‘ Јохана поседува 6,75 милијарди евра. Богатството на членовите на семејството Квант се мери посебно, за разлика од она на семејството Рајман, затоа што Квантови го имаат јасно поделено својот имот.

Големите семејни кланови, чие богатство делумно е распределено на стотици членови, се наведени посебно. На врвот е претприемачот Бренинкмејер (C&A) со 21 милијарда евра, а следуваат големите акционери во Хенкел (15,3 милијарди евра) и кланот Порше/Пих, кој владее со Фолксваген и Порше и чие богатство минатата година се зголеми двојно - на 10 милијарди евра.