1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Кои се заложбите на кандидатите од албанскиот политички табор?

Тројцата кандидати етнички Албанци за претседател на Македонија ја истрчаа првата третина од изборната трка. Заеднички именител на нивните заложби е апелот за побрзо решавање на спорот околу името.

default

Трката продолжува: кандидатите за иден претседател на Македонија

Кандидатите етнички Албанци во кампањата за претседателските избори за сега се концентрираат на остра критика на актуелната владина коалиција, на спорот околу името со Грција, како и на економскиот застој во земјата.

Кандидатката на ДПА, Мируше Хоџа на предизборна манифестација во Тетовско оцени: „Поради инфантилните илизуии на сегашната влада и поради нејзината ароганција Македонија ја загуби битката со времето. Таа е на крајот на списокот земји, кои сакаат да влезат во НАТО и во ЕУ.“

Wahlen in Mazedonien Kandidaten

Кандидатката на ДПА, Мируше Хоџа

Во изјава за Доје веле, пак, Мируше Хоџа порачува: „Потребни се еднакви услови за сите граѓани на земјата, што е основен предуслов за едно мултиетничко општество, какво што е нашето.“

Антиката на историчарите

Агрон Бучаку од ДУИ упатува порака до сите гласачи дека заедно можат да се надминат сите ризици од предизвикување тензии. Мултиетничката држава се гради преку почитување на различноста на јазиците и културите. „Се залагам за идејата за Македонија на сите нејзини граѓани“ - нагласи Буџаку на предизборен митинг во Арачиново.

Agron Kandidat Wahlen in Mazedonien

Кандидатот на ДУИ, Агрон Буџаку

Шефот на неговата партија Али Ахмети, пак, му порача на коалициониот партнер и премиер Никола Груевски дека минатото треба да им се остави на историчарите. Оваа забелешка се однесува на возобновувањето на личностите од античката историја, во режија на актуелната влада.

Имер Селмани, од Нова демократија се стреми да ја задобие довербата и на гласачите од етничко македонско потекло. „Во изминатите 18 години имавме неколку претседатели, како и други, често пати неодговорни политичари, кои предизвикуваа луѓето од различни етникуми меѓу себе да се раздвојуваат, да се навредуваат, да влегуваат во конфликти и да се убиваат на изборите.“ Неговата основна порака до избирачите, на прашање на Дојче веле, гласи:

Wahlen in Mazedonien Kandidaten

Кандидатот на Нова демократија, Имер Селмани

„Само заедно можеме да успееме, да успееме и во економскиот развој, да ги придобиеме симпатиите на нашите најголеми поддржувачи САД и да ги отвориме вратите на НАТО и на ЕУ.“

Нема нови идеи

Политичкиот аналитичар и предавач на Штуловиот универзитет во Тетово, Имер Исмаили, вака ја оценува кампањата на тројцата кандидати од албанските политички партии: „Целиот нивен вокабулар, како видна порака кон гласачите Албанци, е на некој начин шлајфување во место и немање на идеи зошто излегле на овие претседателски избори. Тие практично немаат идејна понуда, туку се чуваат за вториот круг на изборите, каде што најверојатно одредени политички партии на Македонците ќе имаат потреба од нивните гласови. Можеби тогаш ќе почне политичкото пазарење“ - оценува аналитичарот Исмаили.