1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кои се германските исламисти убиени во Пакистан?

Информациите за бројот на загинати Германци се движат меѓу петмина и осуммина. Се смета дека германските државјани биле во посета на терористички камп за обука во Северен Вазиристан, на границата со Авганистан.

default

Засега се знае единствено дека повеќе исламисти, меѓу нив и неколку од Германија, загинале во напад на беспилотно американско летало на авганистанско-пакистанската граница. Се смета дека во нападот загинале околу дванаесет лица, од кои најмалку четири со потекло од Германија. Други извори говорат за осуммина убиени Германци и многу повредени. Проверувањето на информациите е речиси невозможно, бидејќи по нападот талибанците ги отстраниле телата на загинатите.

Затоа околу текот на нападот се поклопуваат информациите на американските и пакистанските извори. Имено, под команда на американската тајна служба ЦИА, беспилотното летало ја бомбардирало куќата на племенскиoт старешина во пакистанскиот регион Северен Вазиристан. Старешината, кој ги криел бунтовниците во својата куќа, наводно бил во добри односи со шефот на локалните талибанци.

Бунтовниците со странско потекло се` побројни

Terrorcamp in Pakistan

Германски исламисти се` почесто ги посетуваат камповите за обука на талибанците

Очевидци ги опишуваат загинатите како Арапи, меѓутоа не можат да дадат подетални информации за нивниот идентитет. Во пакистанско-авганистанската погранична област како Арапи се опишуваат сите странци, кои доаѓаат од арапскиот полуостров, од Блискиот Исток, па се` до Турција. Исто така, не е познато на која терористичка група и’ припаѓале убиените. Северозападниот дел на Пакистан обично се смета за упориште на радикалните исламисти од сродните организации на Ал Каеда. Освен тоа, таму е стационирана и пакистанската мрежа Хакани, која стои зад повеќе напади врз американски и НАТО трупи во соседен Авганистан.

Во овој регион често се среќаваат и бунтовници со западно потекло, кои очигледно ги посетуваат терористичките кампови за обука. Според информации на тајните служби, покрај екстремистите од други краеви на Европа, во овие кампови престојуваат и повеќе Германци со турско потекло, но и родени Германци. Меѓутоа, дали убиените германски екстремисти биле дел од плановите на Ал Каеда за напади во Европа - засега не е познато.

ЦИА во меѓувреме се` почесто употребува беспилотни летала во борбата против милитантните исламисти во авганистанско-пакистанскиот гегион. Според американски податоци, главната цел се терористичкки мрежи, кои планираат напади врз американските трупи во соседен Авганистан, како и други терористички групи, кои планираат напади во Европа.

Автор: Сабина Матеј/Трајче Тосев

Редактор: Симе Недевски