1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Кои се вистински најбогатите Кинези?

Благодарение на стопанскиот бум, за милиони Кинези сиромаштијата е минато. Но, додека за најголемиот дел од нив подобрените материјални услови значат малку понормален живот, еден слој луѓе натрупаа неверојатно богатство.

default

Презентацијата на списокот на „Форбс“ за Кина потсетува на доделувањето на филмскиот трофеј „Оскар“. Најгоре е името на 57-годишниот Лианг Венген, со имот проценет на 9,3 милијарди американски долари. Тој е основач на фирмата „Сани“ во градот Хунан во централна Кина, која произведува градежни машини. Нив ги продава во цел свет.

Во Бедбург кај Келн сега се гради нова фабрика на „Сани“. Шанг Венбо, еден од шефовите во „Сани“, кој и самиот е на списокот, на 79-тото место, вели: „Сметам дека човек не мора да се срами дека е богат. Ние од ’Сани‘ првата работилница ја имавме во една селска визба и фирмата ја доведовме до денешново ниво. Сосем е јасно од каде потекнуваат нашите пари“.

Symbolbild China Chinesische Währung Renminbi Yuan

На списокот има 146 милијардери, 18 повеќе од лани. Втор е Робин Ли, шеф на интернет-гигатнтот „Баиду“. Од списокот на најбогатите може да се „прочита“ структурната промена на кинеското стопанство: минатите години доминираа тајкуни од областа на недвижностите и суровините, а сега на листата напредуваа бизнисмени од областа на интернетот и технологијата.

Но, на списокот на „Форбс“ се само луѓе од приватното стопанство и тој треба да се прими со резерва, укажува Ху Шингду, научник од областа на економијата. „Најбогатите Кинези воопшто ги нема на списокот. Тие се невидливи и непознати и може да се претпостави дека се државни службеници. Јавноста не знае ништо за тоа“.

Ху претпоставува дека вистински богатите се луѓе од големите државни концерни и од владиниот апарат. Во создавањето на нивното богатство веројатно и корупцијата честопати играла улога.

Автор: Маркус Римеле/ Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска