1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Кога ќе се објави заклучокот за Македонија?

Ако европските лидери денеска не се договорат за буџетот можно е и да не ја објават добрата вест за Македонија и за нејзиниот кандидатски статус.

default

Заклучокот за Македонија е усогласен и веќе не е спорен, тврдат дипломатски извори во Брисел сега сите 25мина меѓу кои и Франција ја поддржуваат македонската кандидатура, но не се знае дали тоа поради несогласувањата околу европските финасии официјално ќе биде објавено денеска или можеби на некој друг самит на Унијата. Можно е лидерите да кренат раце од буџетот и да не објават ништо друго, на потег се британските претседавачи.

„ Ќе се види дали заклучокот за Македонија ќе се усвои доколу нема договор за буџетот. Македонија попладнето ќе биде тема на дискусија на европските лидери. “ изјави на попладневниот брифинг официјален британски претставник.

Треба да заврши и ручекот на лидерите, на кој според најавите можно е да станало збор и за Македонија. Иако во моментов е спорно само неговото објавување, сигурно е дека околу датум за преговори засега не се размислува. Се зборува само за генерална поддршка на кандидатурата. Во таа насока Македонија била спомената на вечерата, со која вчера лидерите го почнаа самитот, но и на посебен состанок, на европските шефови на дипломатии. Сите 25мина, сега и францускиот министер се согласиле да ја подржат Македонија, впрочем омекнатиот став на Париз уште вчера го пренесе француски официјален претставник, кој не сакаше да му се спомене името.

„Позицијата на Франција е следнава: како прво ние го признаваме напредокот што го направи Македонија и што беше потврден со извештајот на Комисијата, и како второ сакаме европската перспектива за Западнобалканските земји да биде отворена и призаена, но од друга страна ова треба да се реализира во контекст со европската стратегија за проширувањето, што ќе биде тема на дискусија наредното шестмесечје. Токму затоа работиме на решение со кое ќе бидат задоволени сите страни. “рече претставникот од Париз.

Никој во Брисел не сака да коментира, што во случај одлуката за кандидатскиот статус да не биде соопштен денеска. Сите креваат раменици, за тоа кога би се обелоденила таквата вест. Рсправата за буџетот долго ќе трае велат западните дипломати. Можеби ќе се знае вечер, можеби во текот на ноќта, а можеби на некој друг европски самит.